Драма во Италија: Наставничка е избодена на час, друг ученик ѝ го спасил животот - Канал 5

Драма во Италија: Наставничка е избодена на час, друг ученик ѝ го спасил животот

Кјара Моки, наставничка во средно училиште во Трескоре Балнеарио, северна Италија, преживеала напад со нож од 13-годишен ученик благодарение на храброста на друг ученик на иста возраст, изјавила таа од болницата.

Драма во Италија: Наставничка е избодена на час, друг ученик ѝ го спасил животот

Според неа, додека се обидувала да се одбрани и паднала на земја, ученикот го нападнал вооружениот напаѓач, го шутнал со нога и го принудил да избега, пренесува Анса.

„Без сомнение - тој е херој“, изјавил адвокатот на наставничката, Анџело Лино Муртас.

Наставничката објаснила дека нападот го извршил збунет 13-годишник, под влијание на социјалните медиуми, кој ја избодел во вратот и градите.

„Само храброста на другиот ученик го спречила најлошото“, додаде Моки.

Наставничката ги опишала и моментите од транспортот во хеликоптерот за брза помош.

Таа рекла дека била трогната кога видела како учениците ѝ мавтаат од прозорците на училиштето и изразуваат загриженост, и изразила благодарност за донациите крв што ѝ овозможиле да се опорави.

Официјални информации за состојбата на повредениот професор и мотивите на напаѓачот сè уште не се објавени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Во вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. мелено телешко месо

1 пакување макарони (пастицио)

1 главица кромид

1 морков

1 црвен домат

200 – 300 гр. доматно пире

300 гр. кашкавал

100 гр. пармезан

4 - 5 јајца

250 мл. млеко

маслиново масло по потреба

половина коцка путер

малку мускатно оревче

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Трајче е казнет затоа што не молчи.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место.

Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат.

Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас.

Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат.

Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме.

Другар Трајче, со тебе сме.

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер