Девојче колабирало на час, наставничката не реагирала- утредента мајка ѝ ја нашла мртва - Канал 5

Девојче колабирало на час, наставничката не реагирала- утредента мајка ѝ ја нашла мртва

Полска е потресена од смртта на 10-годишна ученичка од селото Гродек, која почина еден ден откако беше повредена во училиште.

Девојче колабирало на час, наставничката не реагирала- утредента мајка ѝ ја нашла мртва

Девојчето се струполило за време на часот и ја удрило главата, но наставничката не повикала брза помош за да ја прегледа или да ги информира нејзините родители за инцидентот.

Следниот ден, мајката го пронашла детето безживотно во семејниот дом откако се обидела да го разбуди. Потврдено е дека девојчето починало во сон.

Случајот го истражува обвинителството во Бјалисток. Државната обвинителка Елвира Ласковска изјави дека постои сомневање дека детето било изложено на непосредна закана по нејзиниот живот и дека смртта можела да биде ненамерна. Прелиминарната причина за смртта ќе се утврди дури по обдукција.

Истражителите собираат докази и испитуваат дали училиштето ги следело пропишаните процедури, како и одговорноста на наставниот и педагошкиот кадар за тоа што не повикале стручна медицинска помош.

По трагедијата, полската јавност и родителите бараат појасни правила и побрз одговор од училиштата во случаи на повреди и здравствени компликации кај децата. Локалните медиуми истакнуваат дека несреќата во Гродек можела да се спречи доколку таа била однесена на лекар на време.

Селаните оставаат цвеќе и свеќи пред училиштето во спомен на починатото девојче, јавуваат полските медиуми.

Родителите на девојчето бараат приватност додека ги чекаат резултатите од истрагата, кои треба да утврдат дали можел да се спречи трагичниот исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер