Драма во Дубровник – Авион слетал со отворени врати

Утрово околу 7.50 часот на аеродромот во Дубровник слетал авион од Истанбул со отворени врати.

Пилотот на авионот на редовната линија од Истанбул кон Дубровник, пријавил проблем на хидрауличниот систем на долниот трап при слетувањето на дубровничкиот аеродром.

Сите итни служби биле ставени во состојба на готовност . За среќа , авионот слета безбедно и немаше потреба од ниовно ангажирање.

Според хрватските медиуми , авионот слетал со отоврени врати на на долниоот трап и на просторот за багаж.

Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија

​ Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета. 

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана.

Берн ја најави средбата уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна.

-Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој.

„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.

-Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.

Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот. /МИА

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

притисни ентер