Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
2Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
1Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
СудбинаДрама во Бруклин: Жена се породила среде судница, откако ја уапсиле- била со лисици на рацете Жена била „трауматизирана и понижена“ откако се породила во судница во Њујорк додека „ била врзана со лисици“.Претходно поминала „повеќе од 24 часа во притвор“, соопшти групата за правна помош. „Таа заслужувала грижа и сочувство“ Саманта Рандацо, 33, добила породилни болки и била „принудена да се породи на клупа“ во судница во Бруклин во петокот „без соодветна медицинска грижа, приватност или достоинство“, се вели во соопштението на групата. Според групата, Рандацо била опкружена со полиција, обвинители и судски персонал, од кои некои наводно „ се смееле и се шегувале за ситуацијата“, објави „Индипендент“. „Таа заслужувала грижа, сочувство, безбедност и достоинство. Наместо тоа, таа била трауматизирана и понижена пред јавноста“, се вели во соопштението. „Полициските службеници дејствувале професионално“ Адвокатот Винтон Шарп ги оспори тврдењата на групата, велејќи дека судските службеници дејствувале брзо и дека претседателот на судот веднаш ја испразнил судницата. „Не мораше ништо да каже. Само рековме: „Добро, ова се случува сега“. Беше и радосна и тажна ситуација, со оглед на околностите“, рече Шарп. Ал Бејкер, портпарол на Канцеларијата за управување со судовите во Њујорк, рече дека „полицајците дејствувале брзо и професионално за да ја обезбедат безбедноста и светоста на животот на сите во судницата“, додавајќи дека тие „ги демонстрирале секојдневните доблести на нивната заклетва“. „Драго ни е што и мајката и бебето се добро“, рече Бејкер. Samantha Randazzo reportedly went into labor during her arraignment on a drug charge and delivered her baby “on a courtroom bench without adequate medical care, privacy, or dignity."https://t.co/DaYAueyQ7f — NBC New York (@NBCNewYork) May 18, 2026 Причини за апсењето Рандазо била уапсена во четвртокот под обвинение за поседување дрога и нелегален влез. Таа наводно била на покривот на нејзината зграда во комплексот Ностранд Хаусс во Бруклин без дозвола, според Полициската управа. Властите велат дека кај неа е пронајдена мало количество хероин и кокаин за време на претресот. Таа не била подобна за појавување на суд, што ќе ѝ овозможело да се врати на суд, бидејќи имало нерешен налог за нејзино апсење. Таа била однесена во блиската болница, а потоа пуштена 30 часа подоцна и донесена во судницата за да се изведе пред суд. „Г-ѓа Рандацо наводно неодамна била пуштена од болницата и покрај тоа што била бремена девет месеци, пред да биде вратена во притвор и донесена на сослушување во Бруклин, каде што се породила во суд“, се вели во заедничка изјава од Здружението за правна помош, Службата за заштита на бебиња од Бруклин, Службата за заштита на бебиња од округот Њујорк, Службата за заштита на бебиња од Бронкс и Службата за заштита на бебиња од Харлем. „Ова треба да го ужасне секој жител на Њујорк. Никој никогаш не треба да биде принуден да се породи со лисици или да издржи породување додека е врзан, изложен и му е одземена основна медицинска нега и човечко достоинство“, се вели во соопштението. Барање за транспарентна истрага Групите бараат „итна и транспарентна истрага“ од агенциите и персоналот на местото на настанот, вклучувајќи ја Полициската управа на Њујорк, Канцеларијата за судска администрација, Канцеларијата на окружниот обвинител во Бруклин и „судскиот персонал одговорен за условите што доведоа до овој инцидент“. Тие, исто така, побараа преглед на третманот на сите бремени жени во притвор. „Дете е родено во судница додека неговата мајка била во синџири. Њујорчани треба да бидат огорчени што ова се случило во нашиот град во 2026 година“, заклучуваат тие.Тагови: Бруклинн судницата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегијаСо денови, па дури и со недели, дел од пациентите со ретки болести чекаат пристап до неопходната терапија..Сметаат дека е потребна и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, освен проблемите со редовната терапија, како проблем ја гледа и недоволната институционална поддршка за пациентите. „Една од работите што секогаш не измачува и што веќе со години не се решава од кога е отворена програмата за ретки болести покрај тендерските постапки се набавките и нарачките на терапија.Една мала грешка прави одложување од една до две до три недели и затоа бараме тие нарачки и набавки да се прават порано“ – Весна Алексовска, претседателка на „Живот со предизвици“. За лицата со мускулна дистрофија секое доцнење на терапијата значи изгубена шанса за подобрување на нивната здравствена состојба. Ване Петридов, претседател на „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, и родител на 23 момче со ваква дијагноза, бара од надлежните системски решенија за навремен пристап до терапија, но и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. „ За лицата со мускулна дистрофија времето е од исклучителна важност бидејќи секое изгубено време значи изгубена можност и шанса тие деца да добијат лек и терапија која ветува многу и ја подобрува болеста.05:13 / Долго време апелираме до надлежните немаме соодветен мултидисциплинарен пристап бидејќи лицата со мускулна дистрофија покрај дијагнозата захтеваат пратење од доста доктори“-– Ване Петридов, „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“. Пациентите со ретки болести не бараат привилегии, туку остварување на основните права на здравствена заштита и поголема предвидливост во обезбедувањето на терапиите, потенцираше и Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. „ Ние сме секојдневието ние ја живееме ретката болест.Не сме некој што бараме нешто однадвор или нешто што е луксуз, ние ги бараме само правата за здравствена заштита, за права на пациенти и она што следува во склоп на тоа“-- Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Според податоците на здружението „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, во него членуваат 26 деца со своите семејства. Најмладиот неодамна дијагностициран пациент е шестмесечно бебе, а највозрасниот меѓу членовите има 23 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДемонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандардДемонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги ..Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги се фрустрациите кои извадија стотици илјади луѓе на улиците за време на викендот. Најлошо погодена е Франција, каде од денеска се формира кризен штаб поради прераснувањето на дел од протестите во вандалистички немири и грабежи а во некои градови, полицијата ја изгуби контролата врз толпата – призна францускиот министер за внатрешни работи. Претседателот Емануел Макрон, порача дека иако ги разбира причините за мирните протести, оние кои се обиделе да ја урнат Републиката - ќе одговараат. -Како можат француски граѓани да ѝ го направат ова на Франција? Зошто да се запали градското собрание во Лимож или туристичката канцеларија во Лион, зошто да се упадне во градското собрание во Марсеј или да се нападне резиденцијата на префектот во Бордо? Како можеше да дојде до ова? Ништо не го оправдува, ништо не го објаснува и ништо не може да послужи како изговор за ова.// Нашата земја заслужува квалитетни претседателски избори за шест месеци од сега. // Да за дијалог, да за конкретни, краткорочни одговори, и за подготовка на идни одлуки. Но, одлучно „не“ за насилството, во каква било форма. Потребни ни се единство, смиреност и почит. Да живее Републиката, и да живее Франција,- -Емануел Макрон, претседател на Франција. Во Италија денеска безбедносен состанок оддржува и премиерката Џорџа Мелони откако викендов во Милано, Торино и Болоња демонстрациите се претворија во немири со повеќе повредени лица. Во Белгија пак, полицијата се судри со демонстранти во Брисел и Лиеж, а масовниот протест во главниот град на Португалија – Лисабон помина без поголеми инциденти. Во соседна Албанија пак, протестите влегуваат во својот седми ден а главното барање останува оставка на владата предводена од Еди Рама. Рама одби да преговара со како што рече „радикализирани млади луѓе„ под влијание на екстремната левица, Русија и Иран. -Тие живеат во луксуз, а потоа се искористени од овие други сили – од „Антифа“ и од странски разузнавачки служби, како и од непријателите на Албанија. Непријатели на Албанија, оние што ѝ посакуваат зло на Албанија. Русија не е сојузник на Албанија. Русија не е партнер на Албанија. Русија не е земја што ѝ го сака најдоброто на Албанија, што сака стабилна Албанија, што сака Албанија со инвестиции, што сака Албанија со силна економија, што ја сака Албанија во Европската Унија, што сака албанските студенти да бидат рамноправни со студентите од цела Европа,- -Еди Рама, премиер на Албанија. Досега сконцентрирани во Тирана, демонстранти почнаа да се собираат и во неколку други градови како Валона, Елбасан и Скадар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина БрвеницаДржавната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница. Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче. Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%). Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот. Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник). ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16