Драма во Британија: Сѐ повеќе луѓе умираат од менингитис, а родителите не сакаат да ги вакцинираат децата - Канал 5

Драма во Британија: Сѐ повеќе луѓе умираат од менингитис, а родителите не сакаат да ги вакцинираат децата

Научници од Универзитетот во Вашингтон објавија извештај во кој се наведува дека 159 лица починале од менингитис во Велика Британија за една година.

Драма во Британија: Сѐ повеќе луѓе умираат од менингитис, а родителите не сакаат да ги вакцинираат децата

Научници од Универзитетот во Вашингтон објавија извештај во кој се наведува дека 159 лица починале од менингитис во Велика Британија за една година, додека фармацевтите предупредуваат на пад на стапките на вакцинација кај децата и повикуваат на итна акција.

Националната фармацевтска асоцијација (NPA) предлага воведување на услуга за надоместување на имунизацијата за тинејџери кои не ја примиле вакцината против менингитис и други болести, објави Скај њуз.

Претседателот на NPA, Оливие Пикард, предупреди дека сегашната стратегија „не е соодветна“ поради растечката неподготвеност за вакцинирање.

Во извештајот, објавен во списанието „Лансет неурологија“, се вели дека во 2023 година, во Велика Британија се регистрирани 5.150 случаи на менингитис, од кои 159 биле фатални, вклучувајќи 84 мажи и 75 жени.

На глобално ниво, менингитисот предизвикал 259.000 смртни случаи и 2,54 милиони инфекции.

Светската здравствена организација (СЗО) постави цел за намалување на бројот на случаи на бактериски менингитис што може да се спречи со вакцинација за 50% и на смртните случаи за 70% до 2030 година во споредба со 2015 година.

Истражувачите предупредија дека иако смртните случаи се намалиле од 1990 година, темпото на напредок не е доволно за да се исполнат целите.

Неодамнешната епидемија во Кент одзеде животи на двајца студенти и предизвика десетици инфекции.

Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) пријави 29 инфекции на врвот на епидемијата, а најновите бројки покажуваат 20 лабораториски потврдени случаи.

Научникот од „Менингитис сега“, Том Нат, и Шамез Ладани од UKHSA велат дека извештајот покажува итна потреба да се даде приоритет на вакцинацијата, раната дијагноза и брзиот пристап до третман за да се забрза глобалната борба против менингитисот и да се исполнат целите на СЗО до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод  празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.

Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството

Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието.

„Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски.

Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината.

„На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот.

Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер