3Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ЖивотДрама во авион: Се степаа жени за место (ВИДЕО)Патнички на летот на „Делта ерлајнс“ влегле во жестока расправија кога едната ја обвинила другата дека го турнала нејзиното седиште за време на летот.Патник кој седел неколку редови позади местото каде што се случила тепачката, ја снимил претходната расправија, а видеото станало вирално, пишува Best Life. „Цело време ми го туркаше седиштето“, се слуша како жената агресивно вика. „Имам право да го поместам седиштето назад“, му повторила неколку пати на парот што седел зад неа во авионот.. Видеото прво беше објавено на профилот на TikTok под корисничкото име @grahamnancarrow, а потоа избришано. Видеото потоа беше споделено на Инстаграм и предизвика многу реакции. „Жената е во право. Добро е што се одбрани себеси“, „Скапо го плати тоа место и сепак треба да ѝ е непријатно поради некого“, „Не треба да лета со економска класа“, се само некои од коментарите што луѓето ги направија под објавата на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by KAREN LIVES MATTER (Christopher Eyamie) (@karenlivesmatter.ca) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг местаГрадоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на асфалтирањето на новопроектираната улица СТУ 3 која ги поврзува улиците „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“. Улицата е со вкупна должина од 421 метар, а согласно проектот планирани се над 100 нови паркинг места во овој реон. Вкупната вредност на инвестицијата во инфраструктурата изнесува 19.627.446 денари, а средствата се обезбедени од првиот повик на Владата преку Министерството за транспорт. Претходно, во овој дел беше изведен сепаративен систем на канализационата мрежа за фекална и атмосферска канализација. Вкупната вредност на зафатот изнесува 7.469.131 денари, а изведувач на работите беше ЈП „Нискоградба“ со средства обезбедени од првиот владин повик. Поставена е и нова водоводна инсталација чија вредност изнесува 2 милиони денари, изведена од ЈП „Водовод“ Битола со средства обезбедени од Буџетот на Општина Битола, како и комплетна електро инсталација за улично осветлување со вредност од 1.919.206 денари, финансирана од првиот повик на Владата.Тагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАлварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од БарселонаНапаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, трансферот во Барселона изгледа сè помалку веројатен. По повеќенеделната сага, Аргентинецот го промени ставот и сега сè повеќе ја прифаќа можноста да остане во Мадрид. Хулијан Алварез почна да ја прифаќа можноста дека ова лето нема да заврши во Барселона и направи важен чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот напаѓач разговарал со своите соиграчите и им признал дека направил грешка во начинот на кој постапил во врска со интересот на каталонскиот клуб. Според извештаите на шпанските медиуми, Алварез претходно не разговарал со соиграчите за својата ситуација на овој начин. Со признавањето на грешката Алварез го увери тимот дека неговата посветеност кон Атлетико нема да биде доведена во прашање, без оглед на тоа колку долго уште ќе остане во Мадрид. Без разлика дали станува збор за неколку дена или за една или повеќе сезони, Аргентинецот нагласи дека интересите на клубот ќе ги става пред сè друго сè додека го носи неговиот дрес. Овој став практично ја исклучува можноста за какви било бунтовнички потези доколку Атлетико продолжи да го блокира трансферот во Барселона. Алварез конкретно призна дека неговото однесување и начинот на кој се изразувал за време на сагата околу трансферот не секогаш биле идеални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
КултураЧиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга? Чија била идејата Националната установа Струшки вечери на поезијата да се припои кон Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга? Поранешниот министер за култура – Зоран Љутков, во чиј мандат бил поднесен предлогот, а кој вчера од струга беше критикуван и од претседателката, појаснува дека оваа иницијатива била дел од Владината програма за оптимизација на културните установи кои немале доволен капацитет за самостојно функционирање.. Тој тврди дека во случајот претседатлката сиљановска давкова била погрешно брифирана. -Начинот на кој што ова беше пренесено во јавноста е дезинформација. Се работи за оптимизација на установи кои што имаат по неколку вработени и работат по неколку дена во неделата а се во одделен објект, и ова е со цел да работат поефикасно и во поглед на ресурсите, но и да се зајакне стручниот кадар а не само административниот. Предлогот да се фузираат две институции во една дојде од двата директори на НУ Струшки вечери на поезијата. Кога побарав писмено да ја поднесат иницијативата пред предлогот да дојде на Владина седница, тие тоа не го сторија и точката се повлече,- - Зоран Љутков, поранешен министер за култура. Од друга страна директорот на Струшките вечери на поезијата – Никола Кукунеш тврди дека од установата никогаш не поднеле такво барање, бидејќи како што вели, тоа би значело губење на независноста на установата. -Ние не поднесовме такво барање, бидејќи не сакаме установата да ја изгуби својата независност. И во минатото и сега мислам дека покажавме дека оваа установа е важен културен фактор во државата. Иако би сакале во иднина да растеме како установа, засега немаме проблем со ресурсите во функционирањето,- -Никола Кукунеш, директор на НП Струшки вечери на поезијата. Покровителката на Струшките вечери на поезијата – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, при вчерашната посета на Струга изрази силно незадоволство од ваквиот предлог, што го оцени како некултурен однос од страна на Министерството за култура. -Страшно е да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од министерство за култура, навистина е за мене целосно неразбирливо. Тогаш веројатно оние во културата не разбираат што е култура,- -Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Со оглед на тоа што предлогот не поминал на владината комисија, засега статусот на националната установа Струшки вечери на поезијата не се менува.. инаку, Како културен фестивал Струшките вечери на поезијата се одржуваат веќе 65 години прераснувајќи во меѓународна манифестација на која присуствувале илјадници поети од целиот свет. За животна поетска дејност, од фестивалот се оддава и признание– наградата „Златен венец„ која ја добиле и светски реномирани поети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21