Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програмата
1Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програмата
2Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветДрама на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште Три лица починаа, а се сомнева дека неколку други патници на крузерот MV Hondius, кој плови под холандско знаме, биле заразени со хантавирусот.Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на Зеленортските острови објавија дека на патниците нема да им биде дозволено да се истоварат за да се заштити локалното население. Претседателката на локалниот институт за јавно здравје (INSP) потврди дека никој не го напуштил крузерот, кој сè уште е надвор од пристаништето Праја. Забрана за истовар „Бродот ќе продолжи со својата рута и патниците нема да се истоварат тука во земјата за да се заштити населението“, рече таа. Локалните медиуми објавија дека медицинските екипи го посетиле бродот за да прегледаат две лица за кои се сомнева дека се заразени. Претседателката на институтот додаде дека лекарите се вратиле на бродот за да лекуваат еден пациент, но не даде повеќе детали за нивната состојба. Иако првичните извештаи во неделата сугерираа дека бродот се закотвил во главниот град Праја, податоците од веб-страницата за следење на морскиот сообраќај MarineTraffic покажаа дека бродот останал на море, во голема мера неподвижен надвор од пристаништето. Холандската туристичка компанија Oceanwide Expeditions потврди дека на нивниот поларен експедициски брод се случила „сериозна медицинска ситуација“. Крстосувачот испловил од Аргентина пред околу три недели со околу 150 патници, а на пат кон островите Зелен ’Рт застанал, меѓу другите места, и на Антарктикот. Жртви и страдалници Портпаролот на холандското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на двајцата холандски патници, без да даде дополнителни детали. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека еден од болните патници е на одделот за интензивна нега во Република Јужна Африка. Според Sky News, кој се повикува на Министерството за здравство на Јужна Африка, тој е британски државјанин. Светската здравствена организација (СЗО) објави во понеделник дека ризикот што го претставува хантавирусот за пошироката јавност е сè уште низок, и покрај сомневањата за појава на вирусот на крузерот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Анри П. Клуге, изјави: „Ризикот за пошироката јавност останува низок. Нема потреба од паника или ограничувања за патување.“ СЗО објави дека ја истражува епидемијата и олеснува координација меѓу земјите-членки и операторите на бродови за медицинска евакуација на патниците и проценка на ризикот.Тагови: крузер пристаниште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програматаСиноќа во Белград, стотици граѓани маршираа во знак на поддршка за Зоран Кесиќ и авторите на „24 минути“, откако новите сопственици на телевизијата „Нова “ ја тргнаа од програмата оваа популарна сатирична емисија. На собирот за поддршка на Зоран Кесиќ и „Њуз.нет“ повика група новинарски здруженија и невладини организации. Новата сезона на „24 минути со Зоран Кесиќ“ од 19 септември ќе оди на јутјуб. Менаџментот на Нова, соопшти дека таа е тргната од програмата поради тоа што била прескапа и поради неуспешниот договор помеѓу екипата на емисијата и компанијата што ја поседува „Нова “, која неодамна доби ново раководство. Кесиќ смета дека зад ваквата одлука стојат политички, а не деловни причини. „Одлуката да им останеме верни на идеалите на новинарството, не чинеше да бидеме сега на улица со вас. Сѐ повеќе нѐ има на улица. Тоа не е добро за оние кои се плашат од улица. Ова не е парастос, туку воскреснување. Нашиот нов почеток стартува на 19 септември на јутјуб. Ова е емисија која одбива да умре“, кажа Кесиќ. View this post on Instagram A post shared by TV NOVA (@novas.tv) Тагови: Зоран Кесиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развојИнвестицискиот циклус којшто го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме стапка на раст од околу и над 3%, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3%. Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел дискусија посветена на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“ на Регионалната конференција „Охрид 2026“, каде што потенцира дека поддршката на инвестицискиот циклус оди заедно со спроведување на една постепена фискална консолидација којашто треба да биде приоритет. „Прашањето е дали треба да се стремите кон тоа да имате буџетски дефицит колку што сте предвиделе. Дали е можеби потребно и мало изместување во однос на тоа што сте го испроектирале во насока на тоа да дадете поддршка на оној инвестициски циклус кој трае во еден подолг временски период. И тоа беше еден од најголемите ппредизвици што го имавме како Министерство за финансии при подготовка на последниот ребаланс на Буџетот. Нашата одлука секако беше дека ќе избалансираме. Од една страна дефинитивно ќе помстиме дел од буџетскиот дефицит во нагорна линија, при тоа имајќи предвид дека најголем дел од тој дефицит ќе оди кон финансирање проекти, кои ќе додадат дополнителна вредност за економијата, но во исто време внимателно ќе работиме и на приходната страна, затоа што не е фискалната консолидација само фокус на расходната“, истакна министерката. Таа потсети дека Македонија е една од земјите која имаше оромен буџетски дефицит во 2020 година, меѓутоа во 2021 не успеа да го консолидира дефицитот и за сметка на тоа фискалната консолидација се одвива побавно. Исто така влијание на спроведување на овој процес има и исплатата на расходи кои произлегуваат од стекнати законски права, а кои во минатото ги немало во Буџетот. „Приоритет мора да има фискалната консолидација, затоа што тоа на крајот ќе има влијание и на кредитниот рејтинг, ќе има влијание во иднина и на каматните стапки. Што значи тоа треба да биде приоритет, но не по секоја цена за колкав временски период ќе го оствариме. Не треба да брзаме во остварување на фискалната консолидација - буџетски дефицит под 3% и јавен долг под 60%, а на штета на тоа да направиме пореметување кај инвестициите“, потенцира министерката за финансии. Таа додаде дека инвестициите се клучни за растот и дека доколку се погледнат податоците за растот на БДП во вториот квартал тие покажуваат дека инвестициите се главен двигател на растот. При тоа наведе дека се уште има простор за подобрување, но дека се значајни ако се има предвид од каде се почн во првиот квартал од 2024 година кога стапката на раст изнесуваше 1,6%. Посочи дека растот државата сама не го остварува и дека тука се многу значајни и инвестициите на приватниот сектор. При тоа наведе дека покрај поддршката што се дава преку Развојната банка и преку Законот за финансиска поддршка, секако важна е и предвидливоста. „Имаме еден инвестициски циклус кој треба да го чуваме и да помагаме колку што можеме и како држава. Дали е доволни? Не, се уште има одредени структурни проблеми во економијата и тука треба можеби одредени промени. Преку Развојата банка помагаме на приватниот сектор, кај Законот за финансиска поддршка можеби ќе се менуваат одредени работи во насока на тоа да се поддржат одредени компании од одредени сектори кои сметаме дека треба да се зајакнуваат затоа што не може да зависиме и БДП да ни зависи од оние странски инвеститори кои прд 15 години дојдоа тука, а факт е дека тие се најголем мотор на создавање на БДП. Сме на добра патека но треба се уште да се работи. Има простор и верувам дека во периодот што следи ќе успееме да ги подобриме и овие резултати“, порача министерката. Според неа значаен инструмент во трансформација на економијата има и Планот за раст чие што исполнување значи една поголема трансформација од она што е администрација, легислатива, подобрување на целокупното законодавство и однесување на државата и приближување до европското.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКарпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздухОпштина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош. По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина. Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook