ЗдравјеТри лица починаа по сомнителна епидемија на хантавирус на крузерСпоред Светската здравствена организација, на мал туристички крстосувачки брод во Атлантикскиот Океан, три лица се верува дека починале по заразување со хантавирус. Уште три лица се инфицирани, од кои едно се лекува на интензивна нега во Јужноафриканската Република соопшти СЗО во Женева преку платформата X. Две од починатите лица биле Холанѓани, информираше холандското министерство за надворешни работи. Бродот, кој е во сопственост на холандскиот оператор Оушнвајд експедишнс има капацитет за 170 патници и околу 70 членови на екипажот. Епидемиологот Мајкл Бејкер за Би-Би-Си изјави дека патниците кои имале сомнение за хантавирус биле заразени пред да се качат на крузерот поради долгиот период на инкубација на вирусот. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекциите можат да настанат при контакт со измет и други излачувања од глодари. Во ретки случаи, патогенот се пренесува и од човек на човек, соопшти СЗО. Досега еден од случаите на бродот е лабораториски потврден, додека останатите инфекции се сметаат за сомнителни. Останатите патници и членови на екипажот добиваат медицинска поддршка, соопшти СЗО. бродот тргнал од Ушуаја на југот на Аргентина, а моментално се наоѓа покрај брегот на Зеленортските Острови, во Атлантскиот Океан.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЖивотКејт Мидлтон пресече: Хари и Меган не се поканети на божиќната забаваГодинешниот концерт се нарекува „Заедно во Катерина“ и ќе собере повеќе од 1.600 гостиПринцезата од Велс, Кејт Мидлтон, наводно не ги поканила принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл на традиционалниот божиќен концерт што ќе се одржи на 11 декември во Вестминстерската опатија во Лондон. Како што пренесува британскиот „Дејли мејл“, војводата и војвотката од Сасекс не се на списокот на гости за овогодинешната свеченост, на која ќе присуствуваат повеќе од 1.600 гости. Концертот, организиран од Кејт, е посветен на љубовта, љубезноста, солидарноста и меѓусебната грижа. Минатата година на него присуствуваа принцот Вилијам и нивните деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис – како и други членови на кралското семејство и бројни познати личности, меѓу кои актерката Кејт Винслет, пејачката Кејти Мелуа и готвачката Мери Бери. Отсуството на Хари и Меган повторно ги разгори прашањата за односите во кралското семејство, кои се затегнати уште откако тие се повлекоа од официјалните кралски должности во 2020 година и се преселија во Калифорнија. Иако во последните години имаше навестувања за можно приближување, несогласувањата сè уште не се целосно надминати. Кејт сè уште нема објавено список на гости, па не е потврдено дали отсуството на двојката е поврзано со семејни несогласувања. Божиќниот концерт ќе се одржи во Вестминстерската опатија, каде што Кејт и Вилијам се венчаа во 2011 година. Кралот Чарлс III и кралицата Камила, по правило, не присуствуваат на оваа свеченост, препуштајќи му ја организацијата на принцезата од Велс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Автомобилизам„Американска Дачија“: Купувачите во САД добиваат пикап и теренец за 21.500 долариБез сложена технологија или скапи поправки: „REO“ подготвува возила за американскиот народ.Новата компанија, „REO Trucks“, ја подготвува семејната линија на возила „Runabout“, која ги вклучува пикапите „T4X“ и „T4C“, како и „SUV“-моделот „S4C“. Овие модели се одликуваат со традиционална конструкција „каросерија на шасија“ (body-on-frame), погон на сите тркала и дизајн прилагоден на барањата на американскиот пазар. Производството е планирано да се одвива во Тексас. Дизајнот е дело на студиото „Frank Stephenson Design“, предводено од реномираниот дизајнер Френк Стивенсон – човекот кој стои зад првата генерација на „BMW X5“, модерниот „MINI“ и неколку модели на „McLaren“. Изгледот на возилата е инспириран од историските пикапи на „REO“, вклучувајќи го и моделот „Speed Wagon“ од 1915 година, пренесува „Revija HAK“. Моделите „T4X“ и „T4C“ имаат кабина со два реда седишта и должина од приближно пет метри, додека „SUV“-моделот „S4C“ е долг 4,64 метри. Сите три модели ја делат истата шасија, погонски систем и меѓуоскино растојание, користејќи модуларен дизајн прилагоден за различни намени. За погонот е задолжен атмосферски (без турбо) бензински мотор со четири цилиндри, поврзан со мануелен или автоматски менувач. Системот за погон на сите тркала вклучува редуктор, што треба да обезбеди одлични теренски способности. Од „REO“ наведуваат дека погонскиот систем е дизајниран за работен век од приближно 800.000 километри. Сопствениците исто така ќе имаат пристап до јавен каталог на резервни делови со отворен пристап, а компанијата ветува поддршка во траење од 20 години. Од компанијата тврдат дека повеќето основни поправки можат да се извршат со употреба на стандарден алат. Продажбата ќе се врши директно кон купувачите, без традиционални салони и посредници. Најавените почетни цени изнесуваат 21.500 долари за „T4X“, 25.000 долари за „T4C“ и 28.500 долари за „S4C“, без никакви скриени дополнителни трошоци. Пилот-серија од моделот „T4X“ е планирана за 2027 година, а првите испораки се очекуваат кон крајот на 2028 или почетокот на 2029 година. Моделите „T4C“ и „S4C“ ќе следат подоцна. Со оглед на пристапот и најавените цени, „REO“ би можел да стане еден вид американска „Дачија“. Интересно е тоа што името не е ново за американскиот пазар: оригиналната компанија „REO Motor Car Company“ е основана во 1905 година и постоела сè до 1975 година. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
КошаркаРепрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија. На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот. Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62. Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот. Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион. Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена. По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа. Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“. На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието. За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка. Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат. Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter