Драма на аеродромот во Минхен: Патници поминале цела ноќ, заробени во авион - Канал 5

Драма на аеродромот во Минхен: Патници поминале цела ноќ, заробени во авион

Патниците на летот LH2446 на Луфтханза од Минхен до Копенхаген ја поминаа ноќта во авионот откако летот беше откажан поради обилни снежни врнежи и затворање на аеродромите.

Драма на аеродромот во Минхен: Патници поминале цела ноќ, заробени во авион

Летот беше закажан за 21:30 часот во петокот, но по неколку одложувања, беше целосно откажан додека патниците веќе се качуваа во авионот Ербас А320нео, кој беше паркиран на оддалечена позиција на пистата, објавува германскиот портал Т-онлајн.

Според медиумските извештаи, екипажот ги информирал патниците на секои 30 минути за обидите да организираат автобуси што ќе ги вратат до терминалот.

Сепак, околу 2 часот наутро, патниците биле информирани дека аеродромот е затворен и дека повеќе нема возач на автобус, што значи дека морале да останат во авионот до утрото.

Ситуацијата дополнително ја комплицирала конфигурацијата на кабината дизајнирана за кратки летови, со тесни седишта и без ќебиња или перници, додека залихите од храна и пијалоци биле ограничени.

Аеродромот во Минхен, еден од главните центри на Луфтханза, има строга забрана за ноќни летови од полноќ, што, според медиумските извештаи, дополнително ја комплицирало ситуацијата.

Патниците биле транспортирани до терминалот дури во раните утрински часови, каде што се пренасочени кон други летови за Копенхаген. Првиот утрински лет во 6:40 часот наутро исто така бил одложен за околу еден час.

Данскиот таблоид Екстра Бладет прв го објави инцидентот.

Луфтханза соопшти дека прекинот е предизвикан од обилни снежни врнежи, што доведе до привремено затворање на пистите, и дека компанијата жали за непријатностите што им се предизвикани на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер