Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
2Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
БалканДрач сеуште се созема од катастрофата, спасувачките екипи на терен, пристигнува помоштаДрач ден по земјотресот ги брои жртвите од под урнатините и се обидува да се соземе од шокот предизвикан од најсилниот земјотерс во изминатите четири децении.Најголем дел од жителите ноќта ја поминаа во шатори поставени на фудбалско игралиште и во ниовните автомобили, бидејќи толото постојано се тресе. -Ги земавме децата за да останат со роднини во близина. Но ние мораме да останеме тука. Немаме каде да одиме. -Ништо не ни остана. Тоа беше се што имавме. Домот беше се за што работев. Не знам каде ќе одиме. -Ги загубивме нашите куќи и сега спиеме тука. Мгогу е ладно и тажно. На луѓето што останаа без кров над главата во кампвите за сместување им помагаат волонтери но и луѓето од Црвениот Крст на Драч. -Имаше силен земјотрес во раните часови ова утро во Драч. Знаеме дека 15-16 луѓе се официјално мртви, 600 се повредени и многумина се исчезнати. Одиме во рушевините за да ги извлечеме. Ова е отворено место каде луѓето се безбедни, на стадионот. Освен неколку аптеки и кафе барови во градот не работи речиси ништо. Продавниците се затворени. Групи граѓани има во парковите и во училишни дворови, претежно места кои не се опколени со високи градби. На терен се постојано и амбулантите возила,во ушите одзвонуваат нивните сирени. Продолжи и потрагата по преживеаните под урнатините од срушените згради Дел од Жители на Драч ги напуштија своите домови и заминаа кај нивни роднини. Дессетина згради, од кои две во централниот дел од градот се целосно разурнати. Спасувачките екипи и денеска се таму. Полиција го обезбедува теренот наоколу, а спасувачките акции траат со часови. Се пребарува под секој камен. Токму оваа петкатна зграда е една од потполно разуратите. Две лица под овие урнатини загинаа, а се бараат преживеани. Но имаше и жители кои изгубиле секаква трага од своите најблиски. -Дали е во Лежа? Дали е во мртовечница? Или е тука? Тоа е одговорот што го сакам од државата. Ова е Дрита Цакони, 15 годишна. Животот на жителите на Драч ќе биде во неизвесност и во следните неколку дена. Стравот од нови потреси не поминува, но се надеваат дека опасноста ќе помине и ќе се вратат во своите домови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПретставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во СкопјеОд 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави. Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам. „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година. Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов УМЕТНИЦА – Ања Митиќ БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ ДОКТОР – Игор Стојчевски МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“. Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје. Драмкси театар СкопјеТагови: Драмкси театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаОбвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter