3Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови
Шоу бизДр.Хаус постави Гинисов рекорд, моќни пораки праќа и од реалниот живот Хју Лори ја „прикова“ публиката од сите возрасти, националности и двата пола за малите екрани - глумејќи го д-р Хаус.Неговото ремек-дело на кинематографијата започнува во 1990 година, кога го освои Холивуд играјќи во четири сезони од серијата „Џевс и Ворчестер“. Талентите на Лори не се ограничени само на уметноста на филмот и телевизијата, бидејќи тој исто така има успешна кариера како музичар. Како пијанист и главен вокал, тој имаше турнеја со својот блуз бенд Copper Bottom Band, издаде два соло албуми и рече дека повеќе сака музика отколку глума. - Мислам дека актерите стануваат актери затоа што сакаат да се кријат - ставаат маски, сакаат да бидат некој друг. Кога правите музика, дури и кога пеете за лик во песна, постои елемент на демаскирање; се работи за тоа да се разоткриеш, да бидеш ранлив. И во тоа има интимност, и искреност во тој однос со публиката, што мислам дека е многу, многу вредно – рече тој. Некои може да го наречат мултиталент, други „тројна закана“ затоа што тој не само што е актер и музичар, туку е и најпродаван автор! Во неговиот шпионски роман „Дилер со оружје“ од 1996 година, Лори комично се соочува со меѓународните интриги, терористите и страшилата на ЦИА преку неговиот несвесен, несреќен херој, поранешниот војник Томас Ланг. Во 2011 година, Лори, глумејќи го д-р Грегори Хаус, беше вклучен во Гинисовата книга на рекорди како најгледан главен човек на те-ве, а за приватниот живот зборува вака. 1. „Мислам дека страшната работа во животот е да чекаш додека не бидеш подготвен. Се чувствувам како никој никогаш да не е навистина подготвен да направи нешто. Речиси и да нема такво нешто. Има само сега. Сега можеш да направиш сѐ. Сега е толку добро времето како и секое друго“. 2. "Среќата и јас не сме пријатели. Би се држел до несреќата бидејќи тоа е позната состојба. Кога бев посреќен, знаев дека сум на пат назад кон мизеријата. Никогаш не бев убеден дека среќата е целта на играта. Се плашам од среќата“. 3. „Смртта и катастрофата се на нашите раменици секоја секунда од животот, обидувајќи се да нѐ нападнат. Така, освен ако не клекнеме на колена и не се заблагодаруваме секој пат кога катастрофата ќе не промаши, нема смисла да стенкаме кога ќе нѐ погоди“. 4. „Само затоа што работата е лоша, не значи дека треба да ја работам лошо“. 5. „Што значи да се каже дека работите не одат добро? Во споредба со што? Споредено со тоа како се одвивале работите пред неколку часа или пред неколку години? Но, тоа не е поентата. Ако два автомобили се движат кон ѕидот без сопирачки, а еден автомобил удира во ѕид неколку моменти пред другиот, не губете време кажувајќи како вториот болид е многу подобар од првиот“. Господинот Хју Лори денеска го слави својот 65-ти роденден и се надеваме дека уште долго ќе продолжи да го збогатува општеството со својата уникатност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗемјотрес од 7 степени ја погоди Кина Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. 🚨🇨🇳#BREAKING | NEWS ⚠️ A Powerful 7.0⚡️Magnitude Earthquake has just struck Nagqu,Tibet, China Xizang region. Searching for a video will update soon. https://t.co/loF6mXvYg5 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 22, 2026 Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаЗголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБитиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски плановиЕдинствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат. „Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи. Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи. „Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи. Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот. „Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи. Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг. Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ. На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter