Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
1Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
БалканДПС: Милатовиќ работи на тоа да не се формира владаОд партијата велат дека на денешната прес-конференција Милатовиќ „во желбата да се претстави како државник, всушност не покажал ништо освен нарцизам, површност и незнаење“.Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ја покажа својата намера, кршејќи го Уставот, да ја преземе улогата на мандатар и со тоа да ја продолжи внатрепартиската пресметка во Европа сега, свесно работејќи да не се формира нова влада, соопшти Демократската партија на социјалистите (ДПС). Од партијата велат дека на денешната прес-конференција Милатовиќ „во желбата да се претстави како државник, всушност не покажал ништо освен нарцизам, површност и незнаење“. „Тој ја покажа својата намера да го прекрши Уставот и да ја преземе улогата на мандатар и со тоа да ја продолжи внатрепартиската пресметка во Европа сега, свесно работејќи да не се формира нова влада за да може Дритан Абазовиќ да ја исполни последната наредба од нивниот заеднички сопственик Александар Вучиќ – одржување на пописот“, оценуваат од ДПС. Тие велат дека им е „драго што Милатовиќ барем декларативно и реторички дошол на платформата на ДПС“. „Додека неговите партнери од Демократскиот фронт, кој сега на секој начин се обидува по налог на Вучиќ да го претстави како европска структура, гостуваа на руските телевизии и се китеа со руски рубљи, всушност ДПС беше таа што ги предводеше владите за време на кои започнаа преговорите со Европската унија, беа отворени сите поглавја од преговорите, а три се привремено затворени“, се вели во соопштението на партијата. ДПС му порача на Милатовиќ да продолжи да се обидува. Како што рекоа, ако навистина увидат дека Милатовиќ е навистина подготвен да ја поддржи европската платформа, тој може да се квалификува да биде нивни партнер во иднина. „Засега, додека не го докаже спротивното, тој сè уште е само мал нарцисоиден производ на белградската лабораторија, исто како и Абазовиќ и слични слуги преку кои Александар Вучиќ влече потези во Црна Гора“, наведуваат од ДПС./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта 17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга. Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило. Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта. Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки. Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаРадовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачењеСВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш.СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото. По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook