ДПИ: Осум правни субјекти затворени поради непочитување на владините мерки за маржите - Канал 5

ДПИ: Осум правни субјекти затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

15 дена „клуч на врата“ и парични казни поради непочитување на владината мерка за ограничување на маржите добија осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека како и трите најголеми увозници на овошје и зеленчук во земјава.

ДПИ: Осум правни субјекти затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

15 дена „клуч на врата“ и парични казни поради непочитување на владината мерка за ограничување на маржите добија осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека како и трите најголеми увозници на овошје и зеленчук во земјава – информираше директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Тој вели дека кај дел од нив биле утврдени маржи и до 70%. Изминатите 10 дена инспекторите извршиле 365 надзори кај трговците на големо и мало, каде согласно Законот за трговија биле констатирани уште 36 неправилности, за кои биле издадени прекршочни платни налози во вредност од 42.000 евра. Дополнително 30 тина предмети се се уште во фаза на анализа и обработка, во кои се опфатени сите големи маркети.

-Чинам дека се 3 маркети, аптека и три најголеми увозници на овошје и зеленчук, каде заедно со инспекторите увидов фрапантни маржи и до над 70%..Во овие има генерално мали маркети, а за остнанатите се работи на уште 30 предмети имаме обемна документација за анализа,- - Влатко Стојкоски – директор на ДПИ .

Дополнително, од 15 април малите, средни и големи трговски субјекти кои имаат над 10 вработени, со последните измените на Законот за потрошувачи имаат обврска цените да ги објавуваат на своите веб сајтови и да ги ажурираат на дневно ниво. Стојкоски објаснува дека казни во случајот ќе следуваат за оние субјекти чии цени ќе се разликуваат од оние на рафтовите..

-Законот е за заштита на потрошувачи, истата казна е од 500 до 10.000 е во зависност од големината на правниот субјект. Можеме да имаме ние како ДПИ подобар преглед на целосната ситуација. Јас како директор планирам да имаме еден центар за анализа и да излезат подготвени на терен. - Влатко Стојкоски – директор на ДПИ .

Иако Стојкоски оцени дека мерките на владата генерално се почитуваат, сепак инспекциски контроли ќе продолжат низ целата држава.Владината мерка за ограничување на маржите на 100 групи на над 1000 производи од 5 до 15% ќе трае до крајот на април..

YouTube video

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тиран

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

- Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, истакна Кошта.

Како што соопшти Европскиот совет, на средбите со политичките раководства на партнерите од Западниот Балкан, Кошта ќе ја нагласи „важноста на понатамошно градење на обновениот моментум во процесот на проширување и на односите меѓу ЕУ и регионот“.

Работниот дел од посетата на Кошта започнува утре во Белград, каде тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.

Утре попладне, Кошта од Белград ќе отпатува за Сараево каде ќе се обрати пред припадниците на Силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа), по што ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

В среда, Кошта ќе допатува во Подгорица на средби со црногорскиот претседателка Јаков Милатовиќ, со премиерот Милојко Спајиќ и со членови на Владата на Црна Гора, а попладнето ќе отпатува за Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.

Претседателот на Европскиот совет в четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Од Скопје, Кошта попладнето ќе замине за Тирана на средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а ќе разговара и со студенти на тиранскиот Колеџ на Европа.

В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство - Соработка - Заедничко дејствување“.

Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа. Во рамки на Самитот ќе се одржат и три тематски тркалезни маси.

Целта на собирот е зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив. /МИА

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.

СДСМ

притисни ентер