ДПА на Тачи и Беса на Гаши, ќе добијат по едно министерско место - Канал 5

ДПА на Тачи и Беса на Гаши, ќе добијат по едно министерско место

Преговорите за проширувањето на владината коалиција привршува.

ДПА на Тачи и Беса на Гаши, ќе добијат по едно министерско место

Синоќа Мендух Тачи, лидерот на ДПА и Африм Гаши, претседателот на Беса се сретнале со премиерот Зоран Заев, по што неофицијално бил постигнат договор, двете партии да добијат по едно министерско место , велат извори во партиите.

ДПА и Беса на Африм Гаши ќе бидат дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ.

Со најавената реконструкција на владата, се очекува двете партии да добијат по едно министерско место. Беса на Гаши како што неофицијално брифираа партиски извори ќе го добие министерството за култура, а ДПА на Тачи министерството без ресор.

Новите коалициски партии ќе добијат и неколку заменички места, но и директорски позиции. Беса на Касами се откажа од преговорите, затоа што од премиерот Заев не ја доби понудата која ја очекувале. Од владата засега нема потврда дали Гаши и Тачи ќе бидат дел од владиниот состав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанскиот премиер Санчез за пожарите: Ноќта беше многу позитивна

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека пожарникарите и службите за итни случаи сè уште се соочуваат со „многу тешки часови“, но рече дека е постигнат значителен напредок во текот на ноќта .

Шпанскиот премиер Санчез за пожарите: Ноќта беше многу позитивна

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека пожарникарите и службите за итни случаи сè уште се соочуваат со „многу тешки часови“, но рече дека е постигнат значителен напредок во текот на ноќта во контролирањето на големите шумски пожари што го зафатија централниот дел од земјата, вклучително и покраината Мадрид.

„Сè уште имаме сложени часови пред нас, но ноќта беше многу позитивна во однос на развојот на ситуацијата и ставањето на пожарот под контрола“, рече Санчез за време на посетата на командниот штаб во Навалуенги, покраината Авила.

Координирање на гаснењето на национално ниво

Координирано е гаснењето на пожарите, кои, заедно со оние во близина на Мадрид и Толедо, се прогласени за вонредна состојба на национално ниво. Премиерот рече дека службите за цивилна заштита работат на зајакнување на одбранбените линии во областите каде што пожарите веќе се ставени под контрола.

Санчез објави дека шпанската влада ќе донесе декрет во вторник со кој ќе ги прогласи областите погодени од пожарите за „сериозно погодени од вонредна состојба“, отворајќи го патот за државна помош на населението и локалните заедници.

Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни и да им веруваат на службите вклучени во гаснењето пожари. „Имаме систем за цивилна заштита кој ефикасно реагира на вакви кризи бидејќи имаме извонредни професионалци“, рече тој.

Меѓународна помош и обемот на катастрофата

Меѓународни сили од Португалија, Италија, Грција и Турција и противпожарни бригади од единаесет од седумнаесетте автономни покраини на Шпанија, исто така, учествуваат во гаснењето на пожарот, кој досега зафати повеќе од 45.000 хектари.

Зборувајќи за обемот на катастрофата, Санчез предупреди дека повеќе од 150.000 хектари изгореле во Шпанија од почетокот на годината, што е шест пати повеќе отколку во истиот период минатата година. „Размерот на оваа катастрофа, како и секоја година, е многу тешко да се прифати“, рече премиерот, додавајќи дека оваа година се регистрирани 32 големи шумски пожари.

Повик за договор за климата

Санчез оцени дека сè почестите екстремни временски услови ја потврдуваат потребата од „одличен договор за климатските промени“. „Сето ова покажува дека мора да одговориме не само соодветно и пропорционално, туку и да ја вклучиме науката со цел да ги обликуваме најдобрите јавни политики“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Во Старата скопска чаршија беше откриена спомен-плочата посветена на Адолф Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. 

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство на градот.

Во своето обраќање, градоначалникот Меџити ја истакна важноста од негувањето на историската меморија и оддавањето признание на личностите кои оставиле трајна вредност во развојот на Скопје.

„Адолф Циборовски беше еден од оние луѓе кои разбраа дека градот не се гради само со создавање на новото, туку и со зачувување на она што го прави единствен. Неговиот придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија останува дел од историјата на Скопје, а спомен-плочата што денес ја откривме е израз на нашата благодарност за неговата визија и посветеност“, изјави Меџити.

За време на настанот беше истакнато значењето на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и потребата од зачувување на историското и културното наследство како нераскинлив дел од идентитетот на градот и неговата колективна меморија.

Општина Чаир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трет пат за неколку дена авион Ф-16 соборува дронови, што навлегле во воздушниот простор на Романија

Романски борбен авион Ф-16 собори дрон кој влегол во воздушниот простор на земјата без дозвола, соопшти денес Министерството за одбрана во Букурешт, што е трет ваков инцидент за два дена, објави Ројтерс.

Трет пат за неколку дена авион Ф-16 соборува дронови, што навлегле во воздушниот простор на Романија

„Дронот беше безбедно соборен, на 12 километри од градот Сулина, во националниот воздушен простор, над територијалните води“, се вели во соопштението на министерството.

Властите вчера исто така соопштија дека е соборен еден дрон кој го нарушил воздушниот простор на Романија над ретко населена област во близина на границата со Украина.

Сличен инцидент се случи на 24 јули, кога дрон влезе во романскиот воздушен простор без дозвола над ненаселена област во округот Бузау.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер