Дождот и неисчистени канали ќе ја задоцнат сеидбата на оризот - Канал 5

Дождот и неисчистени канали ќе ја задоцнат сеидбата на оризот

Заради неповолните временски услови се проблематизира стартот на сеидбата на оризот. 

Дождот и неисчистени канали ќе ја задоцнат сеидбата на оризот

Ќе доцни ли стартот на пролетната сеидба на оризот. Покрај неповолните временкси услови кои засега планот за седиба го кратат за 1500 хектари, дополнителен проблем за доцнењето според земјоделци се неисчистените канали на повришините кои се во долната зона на полето односно кои се близу реките.

Токму на овие површини со зафаќање на проточните води од реките вообичаено со почетокот на април први започнуваат со сеидба земјоделците и на овие површини е можно да се насеат сорти кои се со подолга вегетација односно крупните сорит на ориз кои се секогаш барани и постигнуваат и дорба цена како што е сан андреата.

Но земјоделците на терн посочуваат дека заради неисчистените канали и изменетиот план за чистење водата од врнежите стои по нивте и тие не можат да се обработат за да почне сеидбата.

Заради ваквото доцнење ќе мора да сеат и тие од ситните сорти кои понатаму ќе се проблем и за откупувачите бидејќи и пазарите не ги бараат ситните сроти на ориз.

Првиот човек на водостопанство Брегалница Зашов пак во изјава за канал 5 категоричен е дека сеидбата ќе почне на време и дека каналите се исчистени и дека ќе се доисчистат до почетокот на сеидбата.

Во браната Калимаци засега има 68 милиони кубни метри вода што е доволно за околу 2500 до 3000 хектари под ориз а за успешна сезона на сите површини потребни се 95 до 105 милиони метри кубни. Досега се исчистени околу 110 килмотри на каналска мрежа а ќе почне и чситењето на магситралниот канал за да може сите до 5 мај да добијат вода по нивите.

YouTube video

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер