Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
2Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
3Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
ЖивотДождот и градот годинава три пати ги дотолчуваше преспанските јаболкаПромената на климата и температурните разлики се најизразени во Преспанскиот регион. Тоа го покажуваат и временските непогоди, обилни врнежи од дожд и град и екстремно високи или ниски температури што последните години го зафаќаат овој дел од државата. Колку тоа влијае врз земјоделството, односно врз овоштарството покажуваат проценките на стручните комисии, но и на самите производители. Претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски информира дека оваа сезона насадите со јаболка на различни локации биле трипати погодени од град. Во овој регион има околу 4.500 хектари со јаболки од кои скоро 30 проценти биле погодени од град. Првото невреме со обилни врнежи од дожд и град беше во мај, а најпогоден беше Ресен и овоштарниците околу градот, потоа селата Долно Дупени и Јанковец. Мешавината од дожд и град уништила над 70 до 80 отсто од јаболковите насади во овие населени места. Втората половина од јуни Преспа повторно ја зафати невреме, овој пат од сув град, а на удар беа делови од селата Асамати, Грнчари, Курбиново, Претор и Раица. Најголема штета имало во Асамати каде овоштарниците биле уништени 100 проценти, а во другите атари од 60 до 80 отсто. На едно јаболко имало по 17 удари од зрна град. Силно невреме проследено со дожд и град имаше и на средината од јули, ги зафати селата Јанковец, Златари и Сопотско и зафати големи површини со јаболкови насади. Во Јанковец оштетени се 100 проценти јаболките, а во Сопотско 70-80 отсто. Пампулевски вели дека врнежи од град се несвојствени за јули, барем тоа не било случај во минатото. Врнежи од град имало најдоцна во мај и почетокот на јуни. Штетата се утврдува после една недела Излегување на комисиите за проценки на штета на терен веднаш или следниот ден после невреме, според Пампулевски, не е веродостојно. - Треба да помине една до две недели и да има температура над 18 степени да се забележи реално колкава е штетата. После град веднаш ако одите во овоштарник нема да забележите штета, но штом ќе се појави сонце и повисока температура резултатите од невремето излегува на виделина. Ударите се физички, овошката е под стрес, појасни Пампулевски. Овошките се повеќе годишни култура, кои родните папки ги формираат во јули, значи сега се формираат родните папки за идната година. Последниот град, како што нагласи, ќе има големи последици и на родот од следната година. - Исклучително е битно да се знае дека овошката штом претрпи стрес има промена за следната година особено во втората половина на јули кога се формира родната папка за наредната година. Градот кој не зафати сега сигурно ќе има последици за наредната година, заклучи претседателот на Здружението на овоштари од Преспа. Родот некаде уништен и до 100 проценти, осигурителните компании со нереални проценки - Пампулевски има околу три хектари јаболкови насади во атарите на селата Крани, Сливница и Арвати, кои за среќа годинава не биле зафатени од невреме, но минатогодишниот пролетен мраз му ги уништил 100 проценти. Последиците од ланскиот мраз ги чуствува и годинава. Поради нискиот процент на исплата од осигурителните компании, Пампулевски забележува дека опаѓа интересот кај јаболкопроизводителите да ги осигураат своите насади. - Во моментот проблем со осигурувањето е нискиот процент на исплата. Исплатата од осигурителните компании е плус/минус колку износот што го плаќаат земјоделците за осигурување. Осигурителните компании ги имаат вклештено земјоделците и многу малку имаат земано реални суми, изјави Пампулевски. Тој појасни дека пред две години имало брзорастечки интерес за осигурување кога од 20-30 овоштари кои ги осигурувале своите насади во Преспа бројката се искачила на 400-500. Но оваа година, како што кажа, овоштарниците ги осигурале најмногу 100 земјоделци. Агрон Реџепи јаболкопроизводител од Асамати има два хектари јаболка во атарот на ова населено место, кои се околу 95 отсто оштетени од градот што ги зафати на крајот од мај. Од државата не очекува некакво обесштетување, единствено што смета дека ќе земе е од осигурителната компанија, но и од таму не е задоволен од проценките и начинот на исплата. - Осигурителната компанија процени околу 70 проценти штета над насадите. Чекаме да ги потпишеме записниците за да ги исплатат. Не сме задоволни затоа што сме приморани да потпишуваме договори по нивни услови. Ме тера да потпишеме договор со кој ако проценат над 80 отсто штета се пишува дека оштетувањето е тотално во насадот и имаме франшиза на парите 10 проценти. Значи доколку проценителот процени 80 отсто штета имаме 20 проценти франшиза за недозавршени работи. Но ние немаме не дозавршени работи, работите завршуваат и покрај тоа што градот го уништи родот ние мора понатаму да ги одржуваме овошките, појаснува Реџепи. Тој додава дека проценката на осигурителните компании била пониска од реалната состојба. Годинава смета дека јаболката имале род по 50 тони од хектар, а осигурителната команија проценила 35 тони од хектар. Насадите на Реџепи биле зафатени и од минатогодишниот мраз за што земал обесштетување од државата околу 22-23.000 илјади денари по хектар. Последиците од градот очекува дека ќе се рефлектираат врз родот на јаболките и идната година. Преспанскиот регион минатата година беше зафатен од доцен пролетен мраз, кој ги уништи јаболковите насади скоро 100 отсто. Овоштарите беа обесштетени од Владата, која на ниво на Преспа исплатила 84 милиони денари за штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook