Доставувач на храна пропадна низ дупка за лифт, сѐ се случува за секунда (ВИДЕО)

На интернет кружи снимка од несреќа во кинескиот град Венџоу, снимена од безбедносна камера на 12 март.

Уловен е моментот кога доставувачот на храна пристигнал на бараната адреса (со кеси во раце), а се работи за објект во изградба. За жал, тој не го забележал отворот на лифтот.

Изгледа несреќникот брзал со доставата, а очигледно не го забележал големиот отвор пред себе. Зачекори во бездната и исчезна, пишува Дејли мејл.

Чудо е што го преживеал падот од третиот кат, а во болница биле констатирани сериозни повреди. Несреќниот доставувач подоцна се огласил во медиумите.

„Немаше никакви пречки, огради... Направив чекор и пропаднав. Ми е повреден рбетот и ми се скршени коските“, рече тој.

Од полицијата го потврдија немилиот настан, но не се знае дали некој ќе одговара поради лошо обезбедениот простор во недоизградениот објект.

Кралот Чарлс нема да оствари средба со синот Хари поради презафатеност!?

Принцот Хари нема да го види својот татко, кралот Чарлс, за време на неговата посета на Велика Британија за Игрите „Invictus“, бидејќи кралот ќе биде премногу зафатен, изјави портпаролот на Хари.

Во среда, 39-годишниот Хари ќе ја прослави десетгодишнината од меѓународниот спортски настан „Invictus Games“, кој го основал, во лондонската катедрала Свети Павле, кој е мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани.

- Како одговор на бројните прашања и шпекулации дали војводата ќе се сретне со својот татко за време на неговата посета на Обединетото Кралство оваа недела, за жал тоа нема да биде. Војводата од Сасекс разбира дека неговиот татко има обврски и разни други приоритети и се надева дека наскоро ќе го види - изјави портпаролот на принцот Хари.

Укранските сили собориле 17 дрона упатени кон регионот на Одеса

Ноќта на 9 мај, непријателот нападна од Чауд - Крим со 20 дронови, објави на апликацијата Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

Седумнаесет беспилотни летала беа соборени во регионот Одеса од единици на украинските воздухопловни сили, информира командантот.

Иран осуди познат ирански режисер на камшикување и осум години затвор

Судот во Иран го осуди познатиот филмски режисер Мохамед Расулоф на осум години затвор и камшикување за злосторства против националната безбедност, изјави неговиот адвокат Бабак Пакнија.

Тој рече дека судот утврдил дека филмовите и документарците на Расулоф се „примери за заговор со намера да се изврши злосторство против безбедноста на земјата“.

„Судот, исто така, изрече неодредена парична казна и нареди заплена на имотот на Расулоф“, додаде Пакнија.

Расулоф ја доби Златната мечка за 2020 година за најдобар филм на Берлинале за „Не постои зло“, а неговиот филм „Човек со интегритет“ доби признание во Кан во 2017 година. Најновото дело на писателот и режисер, „Семето на светата смоква“, треба да биде премиерно прикажано следната недела на Канскиот филмски фестивал во Франција, пишува Си-Ен-Ен.

Непосредно пред прикажувањето на новиот филм, иранските власти испрашувале некои актери и им забраниле да ја напуштат земјата, а на Расулоф му рекле да го повлече филмот од фестивалот, тврди Пакнија.

Во 2022 година, иранскиот суд го осуди Расулоф на една година затвор и му забрани да снима филмови на две години, бидејќи, како што се наведува, вршел пропаганда против системот.

Иранската асоцијација на независни режисери ја критикуваше најновата казна и истакна дека „независните кинематографери ја осудуваат неважечката пресуда против Мохамад Расулоф и стојат покрај него и сите уметници кои се потсмеваат на цензурата на владата“.

притисни ентер