Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница - Канал 5

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред како прва точка на утрешната пленарна 62. седница на Собранието, информира на денешниот брифинг со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница

Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена.

Седницата, како што се наведува на собраниската веб страница, треба да почне во 11 часот. На дневен ред на оваа седница се и Предлогот на завршната сметка на Буџетот за 2024 година, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2025 година, по скратена постапка, Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата за учество вo меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Либан и Предлог законот за установи за средно образование на верските заедници - Прво читање.

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на 17 јули беше усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.

Како што соопшти тогаш Министерството за финансии, станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

- Со дополнетиот предлог усвоен од страна на Владата се обезбедени средства кај одделни буџетски корисници со цел редовно сервисирање на обврските, односно со прераспределби се изврши зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од одредени буџетски корисници, со цел усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата до крајот на годината. Дополнителни измени се однесуваат и на дообезбедување на средства за плати, како и за сервисирање на обврски. Измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година ги следат основните приоритети на фискалната политика кои се во насока на продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување на развојот, при што нема промена во проекцијата на нивото на буџетскиот дефицит, велат од Министерството за финансии.

Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу еден процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и бележат раст од околу 1 процент, односно за околу 3,5 милијарди денари. Стапката на раст останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на 2,8 проценти, а стапката на невработеност е планирана на 11,1 проценти

- Со предложениот Ребаланс се врши реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти. Исто така, се обезбедени дополнителни средства за исплата на зголемени пензии и транзициски трошоци и како и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи, посочуваат од Министерството за финансии.

Капиталните расходи се планирани во висина од 47,4 милијарди денари и тие, како што велат од МФ, се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана.

-Продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената Прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници беа обезбедени дополнителни 584 милиони денари. Крајна цел на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година е непречено извршување на Буџетот и оддржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет, односно буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4% од БДП, стои во соопштението од МФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пик

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во привременото суспендирање на собирањето биометриски податоци на оптоварените гранични премини во пикот на летниот период, велат од Европската комисија. 

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пик

Сепак, засега нема дефинитивен одговор дали оваа флексибилност ќе продолжи и после септември.

-Сегашните правила веќе вклучуваат некои вградени флексибилности и резервни процедури, за решавање на исклучителни ситуации. Значи, ова вклучува можност во некои случаи привремено да се суспендира регистрацијата на биометриски податоци во случај на, повторно, исклучителни околности во текот на летото. Значи, сега сме во близок и конструктивен контакт со тие земји-членки, оние кои можеби исто така се осврнале на некои загрижености, за да видиме каде се предизвиците на одредени гранични премини,- -Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија .

Во меѓувреме, во екот на летните одмори, официјалната статистичка канцеларија на Европската Унија – Евростат објави извештај за 2025та година со процентот на граѓани во ЕУ земјите кои не можат да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор надвор од дома.

На врвот на листата се Романија со дури 61,4% на жители а по неа следат жителите на популарната туристичка дестинација - Грција со 46,6 %, додека третото место го делат граѓаните на соседна Бугарија но и Унгарија со 39,1% од нивните жители. Најмал процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор се бележи во Луксембург со 10,6 проценти.

Последните статистики на Евростат на оваа тема за Македонија се од 2024та кога 48% од македонски граѓани биле во неможност да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Сепак, во последните 10 години овој процент бележи континуиран пад, односно во 2016та тој изнесувал 65,3% од жителите на државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови

Подолг стаж, повисоки придонеси, времето поминато во осигурување се трите клучни елемнти кои влијаат врз висината на пензии кои се исплаќаат од вториот пензиски фонд.

Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови

Колку стажот е подолг а придонесите повисоки толку ќе биде поголем и и исплатата. Од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови уверуваат дека осигурениците во овој втор столб кои брои вкуппно 630 илјади осигуреници од кои во моментов на околу 150 им се исплаќа пензија се безбедни. Од асоцијацијата на брифинг со новинарите коментирајќи ги најави за евентуално укинување на вториот столб и национализација на средствата велат доколку дојде до такво нешто според нивните анализи тоа ќе го реши проблемот само краткорочно и ќе остави огормна штета врз сите.

„Воведувањето на вториот столб е токму заради релаксирање на обврските на првиот столб..... во моментот кога ќе дојде време да се исплаќаат пензиите од двата столба во исто време оврската некаде половина ќе падне на терет на вториот столб... “- Маријан Николовски .

Според асоцијацијата за поголеми придонеси потребни се и реформи и промени, една од опциите според нив е воведувањето на така наречени мултифондови.

„Тоа се портофолија кои се прилагодуваат на животната возраст. Предлгот е оние кои се помлади да имаат поаргесивно фолио изложено на акции, да се балансира кај оние кои се на средна возраст и да се заштити создадениот имот кај оние кои се повозрасни со воведување на конзервативно портфолио.... “- Маријан Николовски.

Инаку според анализа на МАПАС заклучно со 30.06 годинава, вкупно 147 лица добиваат пензија од вториот столб.

Во категоријата корисници со минимална пензија се опфатени 113 лица. Од нив, 75 корисници остваруваат месечна исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници остваруваат исплата од 4.001 до 8.000 денари. Во категоријата корисници над минимална пензија се опфатени 34 лица....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер