Дончиќ ја пее српската песна „Видовдан“ со дигнати три прста (ВИДЕО)

Кошаркарите на Словенија не успеаја да се вратат со медал од штотуку завршеното Светско првенство во кошарка.

Турнирот го завршија како седмопласирана селекција, а клучниот пораз беше во четврт-финалето од Канада, кога и Лука Дончиќ ги загуби нервите и беше исклучен од игра поради технички грешки.

Ѕвездата на Далас Маверикс е во центарот на вниманието во видео кое се појави на интернет. На него Дончиќ крева три прста и ја пее Видовдан, српската национална песна за битката на Косово. Се гледа дека Дончиќ е во друштво на неколку луѓе, од кои еден е неговиот колега од репрезентацијата, Зоран Драгиќ.

Не е познато каде и кога е направена снимката, иако српските медиуми шпекулираат дека се работи за сцена за време на Мундобаскетот. Ваквото славење на Србија за Дончиќ не е чудно, со оглед на тоа што неговото семејство од страната на неговиот татко е по потекло од Србија, а неговиот татко Саша живее во Белград.

Ковачевски: Зад инцидентот на Косово е нечија агенда

Зад инцидентот на Косово е нечија агенда со цел на регионот повторно да се гледа како на подрачје на судири меѓу соседите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги осуди вчерашните случувања во Косово и повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава.

- Во земјава не постои никаков основ за какво било стравување во однос на безбедносната ситуација, меѓутоа морам да изразам загриженост и осуда за она што се случи на Косово, бидејќи таму беше убиен полицаец, кој е дел од безбедносните структури. Тоа беше акт на насилство којшто никому не му треба и сите се уверивме дека не носи ништо добро, освен немир не само во Косово, туку и во целиот регион, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Алма - М“.

Според Ковачевски, зад она што вчера се случи на Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како подрачје на кое има кавги меѓу соседите.

- Сигурно е дека зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда на луѓе кои сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир, регион на кавга меѓу соседите, меѓутоа за среќа има политичари како што се политичарите кај нас и во Албанија, верувам дека ги има во сите држави во регионот, кои сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ, рече Ковачевски.

Се согласи со апелот на еврокомесарот Оливер Вархеји кој побара истрага за да се откријат сторителите, мотивите и нарачителите.

Гвардиола: Родри не заслужува казна од три натпревари, но правилата се правила

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека Родри поради се соочува со суспензија на три натпревари.

„Граѓаните“ викендот го победија Нотингем Форест (2:0) во 6. коло од Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Сити го фати за гуша играчот од средниот ред Морган Гибс-Вајт и доби црвен картон. Поради овој инцидент, според правилата најверојатно ќе биде суспендиран на три натпревари.

Доколку се донесе таква одлука, Родри нема да игра против Њукасл, Вулверхемптон и Арсенал.

Гвардиола поради повреди не може да смета ниту на Кевин Де Брујне, Бернардо Силва, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.

- Треба да разговарам со клубот, но имам намера да влијаам околу евентуална жалба. Според мене, потегот на Родри не е за казна од три натпревари, но правилата се правила. Родри треба да извлече поука од ова. Се надевам дека ова нема да се повтори, изјави тренерот на Манчестер Сити.

На 27 септември Манчестер Сити ќе игра против Њукасл во англискиот Лига куп. Во следните кола од Премиер лигата, Граѓаните ќе се сретнат со Вулверхемптон и Арсенал.

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

 На патот Делчево -  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

притисни ентер