Донарума избра нов клуб - Канал 5

Донарума избра нов клуб

Англискиот фудбалски великан, богатиот Манчестер Сити интензивно работи на доведување на италијанскиот голман од редовите на европскиот шампион ПСЖ Џанлуиџи Донарума. 

Донарума избра нов клуб

Според информациите од англиските медиуми, договорот со играчот е речиси целосно постигнат.

Тренерот Пеп Гвардиола го сака Донарума, а на Итихад владее оптимизам дека трансферот ќе биде комплетиран штом Едерсон се пресели во Галатасарај, наведува германскиот инсајдер Флоријан Плетенберг.

Галатасарај му ја испрати на Манчестер Сити својата прва официјална понуда за голманот Едерсон, објави Фабрицио Романо.

Турскиот клуб нуди околу десет милиони евра, додека Сити бара поголема отштета.

Доколку Едерсон го напушти клубот, Донарума би можел да потпише за Сити откако ПСЖ го избриша откако не успеаја да се договорат за нов договор. Затоа тренерот Луис Енрике го изостави од составот за Суперкупот на УЕФА, во кој ПСЖ го победи Тотенхем на пенали.

Агентот на Донарума, Енцо Раиола, проговори за целиот случај. „Шокирани сме од постапките на ПСЖ. Тие покажаа нула почит кон Донарума по четири години во кои тој бранеше за нив. Ја разгледуваме целата ситуација со правниот тим. Џиџио дури беше подготвен да прифати намалување на платата, но ПСЖ ги промени условите под кои требаше да потпише нов договор“, изјави агентот на Донарума за Скај Спортс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Георгина во „тесно боди“ на голф

Светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го заврши настапот на  Светско првенство во осминафиналето, по драматичен натпревар и пораз на неговата Португалија од Шпанија во последните минути. 

Фото: Георгина во „тесно боди“ на голф

Кристијано Роналдо не се појавуваше често во медиумите по Светското првенство, слободното време и летото ги искористи за да им се посвети на својата избраничка Георгина и на децата.

Токму Георгина беше таа што преку објави на социјалните мрежи откри како се чувствува Кристијано Роналдо по Светското првенство и по неуспехот да го освои трофејот што му недостигаше во неговата богата кариера.

Роналдо и неговата свршеница Георгина предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи по семејната посета на терените за голф во Португалија.

Причината поради која сите зборуваат за нивната голф-авантура не беше замавот на Роналдо, туку стајлингот на Георгина, кој многумина го оценија како ексцентричен и несоодветен за традиционалниот кодекс на облекување во овој спорт.

Георгина на својот профил на Инстаграм објави фотографии од теренот на кои носи тесен розов „кроп-топ“ и многу тесен шорц.

Од фотографиите се гледа дека Кристијано Роналдо и Георгина уживале на терените со децата, каде што се испробале на делот за вежбање на прецизни удари („putting green“) и на просторот за вежбање удари, по што го продолжиле одморот на плажа и во својата вила во Португалија.

Кристијано Роналдо моментално го поминува слободното време и се одмора во својата татковина пред почетокот на клупските подготовки со Ал Наср за новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добри вести за Манчестер Сити – Родри успешно опериран

 Фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри успешно беше подложен на помала операција на грбот, соопшти англискиот клуб.

Добри вести за Манчестер Сити – Родри успешно опериран

Во соопштението не се наведува колку долго шпанскиот фудбалер ќе отсуствува од терените.

„Играчот од средниот ред веќе некое време чувствуваше непријатност, но сега беше подложен на зафат за решавање на овој проблем и веднаш ќе започне краток период на рехабилитација. Сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување“, се наведува во соопштението на Манчестер Сити.

30- годишниот Родри е член на Манчестер Сити од 2019 година. Пред девет дена, тој ја освои титулата со шпанската репрезентација на Светското првенство што се одржа во САД, Канада и Мексико. Шпанските фудбалери ја победија Аргентина со 1:0 во финалето на Светското првенство по продолженијата, а Родри беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош продолжува со активностите за подобра канализациона инфраструктура во Злокуќани

Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа...

О. Карпош продолжува со активностите за подобра канализациона инфраструктура во Злокуќани

Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на шахти, отпушување на атмосферската канализација, како и чистење на сливници и фекални шахти.

Интервенциите се реализираа со цистерна под висок притисок, вакум-цистерна и со рачно чистење на критичните точки. На терен изврши увид и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој истакна дека решавањето на проблемите со канализационата инфраструктура е меѓу приоритетите на Општината и дека директната комуникација со граѓаните и навременото реагирање на нивните потреби се од особена важност.

„Како Општина сме постојано на терен и во директна комуникација со граѓаните. Нашата цел е проблемите да ги детектираме навреме и, во соработка со надлежните институции, да преземеме конкретни активности за нивно решавање. Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населби на Карпош“, истакна градоначалникот Лукровски.

На увидот присуствуваше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Иван Митровски, при што беше потврдена важноста од координираната соработка меѓу Општина Карпош и јавните претпријатија за ефикасно и навремено делување на терен. Активностите за прочистување и одржување на канализационата мрежа продолжуваат и утре во Нерези, со фокус на критичните делови од мрежата, со цел обезбедување подобра проточност и поефикасно функционирање на канализациониот систем.

Општина Карпош продолжува да биде присутна на терен и да работи во интерес на граѓаните, со конкретни активности и координирана институционална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер