3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ФудбалДонарума: Фантастично е да се игра со МбапеГолманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума е уверен дека Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ. Италијанецот се радува што е во ист тим со еден од најдобрите фудбалери на светот.- Задоволство е да се игра со Килијан, фантастично е. Мислам дека сигурно ќе остане во ПСЖ и дека ќе играме заедно во ист тим. Да потсетиме, на почетокот на јуни Мбапе му соопшти на ПСЖ дека има намера да помине уште една сезона во клубот, но нема да го продолжи договорот. По ова, парижаните го ставија играчот на трансфер листа и го суспендираа од тренинзите со генералната група. Сепак, страните го решија конфликтот, Килијан се врати во тимот и ги продолжи преговорите за продолжување на договорот. Се шпекулира дека Мбапе по крајот на сезоната ќе премине во Реал Мадрид како слободен играч. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот заливАмерикански воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон. „Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter