Доналд Трамп има дете со поранешната домашна помошничка??? - Канал 5

Доналд Трамп има дете со поранешната домашна помошничка???

Поранешниот портир на Кулата Трамп Тауер во Њујорк тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп имал афера со поранешната домашна помошничка, како и дека од таа врска е родено дете, пренесе СНН.

Доналд Трамп има дете со поранешната домашна помошничка???

Поранешниот вратар Дино Саџахудин има наводно договор со компанијата „ Amerikan media"со кој се обврзал да молчи, со договорот воедно му било забрането и да зборува со било кого на оваа тема. Бидејќи овој договор му истекол портирот сега ја открил аферата на Трамп.

Адвокатот Марк Хелд соопштил дека договорот неодамна истекол по долги преговори со „ Amerikan media".

СНН ексклузивно ја објави копијата од договорот меѓу Дино и компанијата „ Amerikan media", потпишан на 15 ноември во 2015 година, во кој се тврди дека компанијата Amerikan media"

ги има ексклузивните права на сторијата на Дино Саџахудин поврзана со незаконското дете на Трамп.

Исто така во договорот е наведено дека вратарот може да добие сума од 30 000 долари по објавување на сторијата , но, и да не добие ништо ако приказната биде обелоденета.

Во една од ставките на договорот стои дека Дино Саџахудин ќе мора да плати обештетување од еден милион долари доколку го прекрши договорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер