3Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканДомбровскис: ЕК продолжува да ја поддржува Бугарија на нејзиниот пат кон еврото Европската комисија продолжува да ја поддржува Бугарија на нејзиниот пат кон еврото и се надева дека одложувањето на членството во еврозоната нема да трае долго. Ова го изјави извршниот потпретседател на Европската комисија (ЕК), одговорен за економијата во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис, кој е во посета на Бугарија и се сретна со претседателот Румен Радев. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Домбровскис рече дека се надева оти Бугарија решително ќе го следи патот кон еврото до успешен крај. Тој посочи дека влезот во еврозоната ќе донесе многу придобивки за бугарската економија и за бугарскиот народ. Истото убедување го изрази и претседателот Радев. -Потребни се повеќе напори и кампања за објаснување, бугарскиот народ мора да биде свесен какви ќе бидат овие придобивки, што треба да се направи за да бидат реализирани и почувствувани кај бугарското население, посочи Валдис Домбровскис. Преодната влада успеа да ги контролира сите најважни фактори кои генерираат инфлација, истакна претседателот Радев во воведниот збор пред почетокот на средбата со Домбровскис. Тој посочи дека Бугарија има една од најниските цени на гасот и гарантирана стабилност на испораките - долгорочни тендери за набавка на гас од различни добавувачи, завршен интерконектор со Грција, гас од Азербејџан по многу поволни цени и бесплатен гарантиран пристап до терминалите за течен гас на Грција и Турција. -Имаме најниски цени на горивата во ЕУ - за бензин и дизел, силен и независен енергетски сектор кој обезбедува предвидливост и поддршка за бизнисите и сите потрошувачи кои не се домаќинства. Ова дава спокојство и можност за долгорочно планирање. Сето ова доведе до прекин на трендот на инфлација, а убеден сум дека тој ќе продолжи да се намалува со добро темпо, истакна Радев. Претходно денеска, на свечена церемонија во салата „Максима“ на Универзитетот, ректорот проф. д-р Димитар Димитров на Домбровски му ја додели почесната титула „Доктор хонорис кауза на УНСС“. Титулата му се доделува на Валдис Домбровскис за неговиот значаен придонес во изградбата и зајакнувањето на Економската и монетарната унија на Европската унија, за зајакнување на меѓународната улога на еврото, трговската политика на Европската унија и економијата во интерес на луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook