Домашни лиснати кифли - Канал 5

Домашни лиснати кифли

Меки, мирисни и лиснати, овие домашни кифли се совршени за појадок или ужинка. 

Домашни лиснати кифли

Подготвени со едноставни состојки и малку трпение, резултатот е неодолив – кифли кои ќе ја исполнат кујната со мирис на свежо печено тесто.

Состојки:

600 грама брашно

1 коцка (40 г) свеж квасец

200 мл млако млеко

200 мл јогурт

100 мл масло

2 јајца

1 лажица шеќер

Прстофат сол

250 грама маргарин или путер (растопен)

1 јајце (за премачкување)

Сусам, ленено семе, крупна сол – по желба

Подготовка:

Во млако млеко со шеќерот растворете го квасецот и оставете го да се активира. Потоа додајте ги сите останати состојки и замесете меко и мазно тесто. Тестото веднаш поделете го на 8 еднакви топчиња и оставете ги да одморат 5–10 минути.

Првото топче развлечете го во круг со големина 20-25 см и премачкајте го со растопен маргарин (или путер). Развлечете го второто топче, ставете го врз првото и повторно премачкајте. Повторувајте додека не ги наредите сите топчиња. Последниот слој не се премачкува. Оставете го тестото да одмори околу 15 минути.

Работната површина и тестото добро набрашнете ги, па развлечете го во еден голем круг. Доколку немате доволно простор, најдобро е да работите на маса.

Кругот пресечете го на половина, а потоа исечете долги триаголници со ширина од околу 7–8 см. Секој триаголник завиткајте го во форма на кроасан и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставете растојание меѓу нив бидејќи ќе нараснат. Оставете ги кифлите да киснат 1,5 до 2 часа. Кога ќе нараснат, премачкајте ги со разматено јајце и посипете со сусам, ленено семе или крупна сол – по желба. Печете во претходно загреана рерна на 180°C додека убаво не поруменат. Кифлите може да се замрзнат пред печење и по потреба да се вадат и печат свежи.

И на крај – уживајте во вкусот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел погоди факултет во Газа- има загинати и повредени

Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори.

Израел погоди факултет во Газа- има загинати и повредени

Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори, кои исто така објавија четири смртни случаи на други места во енклавата.

Напад на израелско беспилотно летало го „намета“ Исламскиот универзитет во Газа, во северниот дел на територијата, при што загинаа тројца „безбедносни лица“ и беа ранети осум студенти, изјавија за АФП неколку извори во институцијата.

Болницата Ал-Шифа во градот Газа потврди дека примила три тела и дека лекувала осум ранети по нападот.

Меѓу ранетите студенти, кои беа во кампусот и посетуваа настава, „некои се во критична состојба“, соопшти палестинското Министерство за образование, кое го осуди „молкот на светот пред нападите насочени кон студентите и универзитетите“.

Не е прв пат

„Десет студенти и наставници се убиени во изминатите шест дена“, соопшти Министерството, додавајќи дека „95 отсто од зградите кои припаѓаат на универзитетските институции“ биле оштетени во тригодишната војна меѓу Израел и Хамас.

Според Цивилната заштита на Газа, спасувачката служба под исламистичкото движење, четири лица биле убиени и на други места во енклавата.

Две лица загинаа во воздушен напад во Кан Јунис на југ, едно во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа и четврто во израелски оган на северот на Појасот Газа, изјави портпаролот на службата за AFP.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето кое стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по две години војна предизвикана од најголемиот напад на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Повеќе од 1.500 Палестинци се убиени од почетокот на прекинот на огнот, според Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, и чии податоци ОН ги сметаат за сигурни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најбогатите луѓе на светот јаде ќебапи во Берлин- оставил голем бакшиш (ФОТО)

Шефот на технолошкиот гигант Nvidia, милијардерот Џенсен Хуанг, за време на неговиот престој во Берлин одлучи да вечера во популарен донер наместо во луксузен ресторан. 

Еден од најбогатите луѓе на светот јаде ќебапи во Берлин- оставил голем бакшиш (ФОТО)

Тој ги изненади и вработените со дарежлив бакшиш, пишува heute.at.

Пет ќебапи и три порции помфрит

Хуанг со сопругата и обезбедувањето го посетил ресторанот „Рјујам“ во градскиот кварт Шенеберг. Нарачал пет ќебапи со салата без лут сос и три порции помфрит. Посетата беше настан за вработените, кои објавија неколку фотографии со Хуанг на Инстаграм. Милијардерот се фотографирал со персоналот и го оставил својот потпис на ѕидот од барот.

Бакшиш со три бројки

Кога ја плаќал сметката, Хуанг бил особено дарежлив. Вработениот Висам потврди дека шефот на Nvidia оставил трицифрен бакшиш. Тој не ја откри точната бројка, но потврди дека се работи за најмалку 100 евра. „Беше навистина дарежлив“, коментира вработената.

Деловен самит, потоа брза вечера

Посетата на Хуанг на Берлин беше официјална. На покана на канцеларот Фридрих Мерц, тој учествуваше на инвестициски самит со околу двесте директори на големи компании и ги најави новите инвестиции на Nvidia во Германија. Nvidia е една од клучните светски компании во секторот за вештачка интелигенција, а нивните напредни чипови го направија Хуанг еден од најбогатите луѓе во светот.

Се чини дека и покрај неговото богатство, луксузот не му е секогаш приоритет. Настанот доби и смешен епилог на социјалните мрежи, каде еден корисник на Инстаграм на почетокот не го препознал извршниот директор на Nvidia, туку мислел дека тоа е актерот Џеки Чен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер