Домаќините поуспешни на последните три евролигашги натпревари од 13.коло - Канал 5

Домаќините поуспешни на последните три евролигашги натпревари од 13.коло

Во кошаркарската Евролига вчера вечер се одиграа три натпревари и на сите славеа домашните екипи.

Домаќините поуспешни на последните три евролигашги натпревари од 13.коло
ЦСКА Москва го совлада Олимпијакос и се искачи на првото место во групата Ф, Анадолу Ефес по лошиот старт стигна до победата над Армани, додека Црвена звезда загуби во Каунас и покрај рекордниот 15 „дабл-дабл“ ефект во елитното натпреварување.

Резултати од 13.коло и табели:
Е група: Жалгирис – Црвена Звезда 76:70, Панатинаикос – Алба Брлин 66:68, Барселона – Реал Мадрид 85:80, Макаби – Галатасарај 81:72.
Табела: Реал 10-3 (победи-порази), Барселона 10-3, Макаби 8-5, Панатинаикос 7-6, Алба 7-6, Жалгирис 5-8, Црвена Звезда 3-10, Галатасарај 2-11.
Ф-група: ЦСКА Москва – Олимпијакос 76:70, Анадолу Ефес – Армани 86:78, Лаборал Куча – Фенербахче 93:76 и Нижњи – Уникаха 75:94.
Табела: ЦСКА 11-2, Фенербахче 10-3, Олимпијакос 9-4, Ефес 6-7, Лаборал 6-7, Армани 4-9, Уникаха 3-10 и Нижњи 3-10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од  руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“.

Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“.

По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев.

По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби пречекан со овации во Чаир!

Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.

Груби пречекан со овации во Чаир!

Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби.

Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер