По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
1По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
3По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
МакедонијаДОМ: Томас Вајц ја пренесе вистинската слика за Македонија во Европскиот парламентДОМ укажува дека и покрај разочарувачките амандмани, овој извештај не смее да стане дополнителен изговор за застој на европскиот пат на земјата. Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатува јавна благодарност до европратеникот и специјален известувач на ЕП за Македонија, Томас Вајц, за неговата принципиелна, доследна и храбра поддршка за Македонија и нејзините граѓани и граѓанки во процесот на европската интеграција. Во својот извештај и во обраќањето пред Европскиот парламент, Вајц ја прикажа вистинската слика за нашата земја: стабилна, мирољубива, мултиетничка заедница која со години ги исполнува европските очекувања, иако постојано се соочува со нови политички пречки. Неговите зборови дека Македонија е „доверлив партнер“, целосно усогласен со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, се потсетник за нешто што не смее да биде запоставено, а тоа е дека лојалноста и посветеноста заслужуваат институционално признание од ЕУ. Воедно, во овој контекст, со сериозна загриженост гледаме на фактот дека Европскиот парламент усвои амандмани со кои од извештајот се избришани формулации што се однесуваат на македонскиот јазик и идентитет, прашања кои допираат до суштината на достоинството и самоопределувањето на секој народ. Ваквиот пристап не придонесува за доверба во процесот и остава горчлив впечаток кај граѓаните и граѓанките на Македонија, без оглед на тоа кои евро-пратеници гласаа за извештајот. Истовремено, ДОМ укажува дека и покрај разочарувачките амандмани, овој извештај не смее да стане дополнителен изговор за застој на европскиот пат на земјата. Процесот на уставни измени, но и борбата против корупцијата и враќањето на довербата во судството и општо во државата, остануваат нужна обврска за отворање на пристапните преговори и за исполнување на меѓународните обврски што Македонија ги има преземено. Во духот на искреното пријателство што го демонстрира европратеникот Вајц, ДОМ потсетува дека Македонија треба со истата сериозност да ги прифати и неговите забелешки за економските и еколошките предизвици. Недоволното искористување на европската поддршка, потребата од инвестиции во стручни и млади кадри и загубата на човечки капитал мора да станат централни прашања на македонската политичка сцена. Како зелена партија, ДОМ ја препознава и пораката за заштита на природното наследство, справување со нелегалните депонии, загадувањето и системското занемарување на животната средина. ДОМТагови: ДОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниитеЈеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно. Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook