ДОМ: Дислокацијата е стратешка цел, но на Скопје му треба чист воздух денес - Канал 5

ДОМ: Дислокацијата е стратешка цел, но на Скопје му треба чист воздух денес

Граѓаните на Скопје немаат време да чекаат правни разрешници. Белите дробови на нашите деца се полнат со отрови сега, оваа зима.

ДОМ: Дислокацијата е стратешка цел, но на Скопје му треба чист воздух денес

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија. Тоа е легитимна долгорочна визија за хуман град, која ја поддржуваме како крајна цел, се наведува во соопштението од ДОМ.

Сепак ДОМ како одговорна зелена партија мора да предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да започне веднаш би траела со години. Тука се отвораат прашања за надлежностите, цената на експропријацијата и правните лавиринти за кои во моментов нема ниту временска рамка, ниту финансиска конструкција.

Граѓаните на Скопје немаат време да чекаат правни разрешници. Белите дробови на нашите деца се полнат со отрови сега, оваа зима.

Затоа, додека се трасира тој долг пат за дислокација, ДОМ инсистира на итна примена на КОНКРЕТНИ МЕРКИ кои даваат резултат веднаш. Не смее да се дозволи „иницијативата за дислокација“ да биде изговор за нечинење денес.

Бараме од Владата и МЖСПП итно спроведување на следниот пакет мерки:

1. Јавен мониторинг во реално време – право да знаеме што дишеме:

Мерењата на емисиите од оџаците не смеат да бидат „интерна тајна“ на компанијата или достапни само за инспекторите. Бараме системот за мониторинг да биде директно поврзан со веб-страницата на МЖСПП со 24-часовен јавен пристап за сите граѓани. Податоците мора да се гледаат во живо, без можност за филтрирање или одложено прикажување. Јавноста мора да има увид во секој момент дали се надминати граничните вредности.

2. Временско поместување на ремонтите:

„Усје“ да се обврзе со законски акт годишните ремонти (запирање на печките) да ги врши исклучиво во декември и јануари. Ова е бесплатна мерка која веднаш ќе го намали товарот врз воздухот во најкритичните месеци на температурна инверзија.

3. Стоп за алтернативни горива:

Итна забрана за користење на пластика, текстил и гуми како енергенс. Додека фабриката е во населено место, мора да работи исклучиво на гас.

4. Технолошка надградба – „Влажни испирачи“:

Задолжително вградување на влажни испирачи (scrubbers) за фаќање на киселите гасови и честички. Ова е стандард кој мора да се исполни без одлагање доколку не се користи гас.

5. Жестока контрола на „малите оџаци“:

Загадувањето не е само од индустријата. Потребни се итни, засилени контроли на сервисите и погоните кои горат отпадно масло и лакиран дрвен отпад. На испекторите да им се обезбеди современа опрема за индикативни мерења. За ова ни треба силен Инспекторат за животна средина (ДИЖС), предводен од докажан професионалец од техничките науки со искуство во индустријата,а не партиски кадри кои не ги познаваат процесите.

Иницијативите се добри за подигање на свеста, но на Скопје му требаат решенија. Дислокацијата е иднината, но транспарентноста, мониторингот во живо и забраната за горење отпад се сегашноста која мораме да ја обезбедиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. 

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката.

Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени.

Видеото објавено по американските напади

Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран.

Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер