Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаДОМ: Дислокација на „Титан Усје“ преку јавно-приватно партнерство и урбана трансформацијаЗелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер“ – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет.Досегашните тврдења дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели. Светот веќе одамна ги трансформира тешките индустриски капацитети во нови, еколошки градски четврти преку самофинансирачки механизми. 1. Моделот: „Вредност на земјиштето наместо државен буџет“ Наместо државата да плаќа за преселување, преку овој Зелен урбан трансфер се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со оваа одлука, вредноста на парцелата енормно расте. Инвеститорот/сопственикот добива право да развие модерен „Smart City“ комплекс, а со профитот од продажба на недвижностите се финансира изградбата на нова, 100% еколошка фабрика на подалечна, соодветна локација. 2. Строги услови до финализирање на трансферот Бидејќи дислокацијата е сложен процес од 5 до 7 години, ДОМ бара од Владата и МЖСПП веднаш да наметнат „преоден режим“ во А-интегрираната дозвола со највисоки еколошки стандарди: * „НУЛА“ емисии во рок од 6 месеци: Итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички (PM10 и PM2.5), како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид (SO2) и азотни оксиди (NOx). * Заштита од токсини: Задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен (Activated Carbon Injection) и вреќасти филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните. Со ова ќе се гарантира дека ниту една канцерогена материја нема да се испушта во воздухот додека трае процесот на преселување. * 24/7 Јавен дигитален мониторинг: Податоците од оџаците да се емитуваат во живо на веб-страницата на МЖСПП и на јавни екрани во општината Кисела Вода. 3. Решавање на еколошкиот товар (ОХИС и Пеленица) Наместо да чекаме буџетски средства, чистењето на линданот во ОХИС и Пеленица треба да се врши преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели, каде што приватен партнер би добил право на стопанисување со исчистениот простор во замена за целосна ремедијација на почвата. Заклучок: Скопје заслужува да дише, а индустријата заслужува да се развива надвор од градското јадро. Преку овој модел на Зелен урбан трансфер, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните чист воздух. Клучно е што со новиот Генерален урбанистички план (ГУП), градот стратешки ќе го насочи своето ширење кон оваа новоформирана, еколошки уредена четврт, додека истовремено ќе го дестимулира понатамошното агресивно градење и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје. На овој начин, државата без никаков трошок го решава деценискиот проблем со загадувањето и го запира притисокот на нехуманата урбанизација, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16