3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
МакедонијаДОМ: Чист воздух за Скопје – нула емисии од Цементарата Титан Усје Граѓаните на Скопје заслужуваат чист воздух и економски развој со хуман пристап, а не по цена на здравјето.Во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновоување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“, ДОМ уште еднаш ги истакнува и посочува стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот, велат од ДОМ. Како одговорна зелена партија, јавно укажуваме и апелираме до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по јавната расправа и при обновата на дозволата, од страна на цементарата „Титан Усје“ мора да бидат безусловно исполнети следните барања: · НУЛА“ емисии во рок од 6 месеци: Итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички (PM10 и PM2.5), како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид (SO2) и азотни оксиди (NOx). · 24/7 Јавен дигитален мониторинг: Податоците од оџаците да се емитуваат во живо на веб-страницата на МЖСПП и на јавни екрани во општината Кисела Вода. · Заштита од токсини: Задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен (Activated Carbon Injection) и вреќасти филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните. Со ова ќе се гарантира дека ниту една канцерогена материја нема да се испушта во воздухот додека трае процесот на преселување. Исто така предлагаме паралелно со овие процеси да се разгледува и можноста за воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер“ – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет. Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели. Потребно е да се размислува стратешки со цел да се најдат оптималните и најдобри решенија од кои бенефит ќе имаат државата и граѓаните, а не приватните корпорации на кои најважен и примарен им е профитот без разлика на последиците. Граѓаните на Скопје заслужуваат чист воздух и економски развој со хуман пристап, а не по цена на здравјето. ДОМТагови: ДОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook