3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
ЖивотДоларот и натаму паѓа, еврото растеДоларот и натаму паѓа, веќе петта недела по ред, но еврото е најсилно за период од една година.Вредноста на доларот се намали за 0,8 отсто во однос на еврото, но курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,2 отсто. Инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на Американската централна банка се ближи кон крајот. Неодамна повторно падна и руската рубља. Минатата година пад на вредноста бележеше и турската лираКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без водаМеѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост. Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука. Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители. Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни. За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаШест активни пожари во Македонија, еден под контрола На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаМОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во ПрипорСпортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации. На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура. “Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска. Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти. „За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката. Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter