Долари паѓаат од небо во Детроит- исполнета последната желба на покојникот (ВИДЕО) - Канал 5

Долари паѓаат од небо во Детроит- исполнета последната желба на покојникот (ВИДЕО)

Во петок, 27 јуни, небото над авенијата Грејот во Детроит, во близина на улицата Конер, беше обсипано со банкноти и рози – необично, но трогателно збогување со Дарел „Плант“ Томас, сакана личност на источната страна на Детроит.

Долари паѓаат од небо во Детроит- исполнета последната желба на покојникот (ВИДЕО)

Томас почина на 15 јуни на 58-годишна возраст. Неговите синови, Дарел и Џонте, решија да го испратат на уникатен начин: тие организираа хеликоптер да испушти 5.000 долари и рози над пералната за автомобили „Шоу Рум Шајн Експрес“, која ја поседувал Томас, точно во 13:27 часот. Тоа е место кое има посебно значење за него – токму таму, на авенијата Греј број 1041 во Детроит, Томас секој ден го создавал својот мал бизнис и животната приказна.

YouTube video

„Тој би направил сè за секого“

„Тоа беше неговиот последен израз на љубов кон заедницата затоа што секогаш даваше“, рече неговата внука Кристал Пери. „Вчера беше едноставно ден на збогување за легендата од Истсајд“.

Освен што беше сопственик на автоперална, Томас беше и лиценциран професионален тркачки возач под покровителство на Националната асоцијација за спидвеј (NHRA), а пред сè, брат, татко, дедо и многу повеќе, како што е забележано во видеото од неговиот погреб.

„Да го познаваш чичко Плант беше да го сакаш“, рече Пери. „Тој би направил сè за секого. Имаше срце кое ретко се среќава денес.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју Лосон

Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. 

Протоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју Лосон

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика.

Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата.

Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка.

Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста.

Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Од иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер