19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
219 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
Шоу бизДокументарниот филм на Шон Пен го покажува Зеленски на неколку часа по руската инвазија (ВИДЕО)Украинскиот претседател Володимир Зеленски одвои време да го прими американскиот актер Шон Пен, што може да се види во неговиот филм Супермоќ, чија премиера беше во петокот.Зеленски го прими холивудскиот актер доцна вечерта на 24 февруари 2022 година, само 15 часа откако Русија ја нападна неговата земја. . Седејќи во празна соба без прозорци, Зеленски шпекулираше за мотивите на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата. „Тој сака да нѐ умре. Ја мрази Украина. Нѐ мрази нас“, рече Зеленски за рускиот претседател во централната сцена на документарецот. Филмот, во режија на Пен и Арон Кауфман, започнува неколку месеци пред инвазијата, а Пен најде инспирација во преминот на колегата Зеленски од филмски сет во канцеларија на претседателот. Потоа, инвазијата драматично ја зголеми важноста на филмот и го претвори Пен во страстен застапник за Украина. „Украина се бори за сите нас во борбата против руската инвазија“, изјави Пен пред публиката на премиерата на филмот. Филмот е продуциран од канадско-американското списание Vice, а е снимен одблиску и „рачно“, во стилот на интерактивен документарец популаризиран од таа медиумска организација и ги прикажува напорите на Пен да ја разбере Украина, нејзиниот претседател и нејзината борба . Во филмот, Пен и Кауфман го поддржуваат американското вооружување на Украина и на тој начин покажуваат дека одлуката на Зеленски да ги прими на првиот ден од инвазијата е вешт потег во украинската информативна војна. „Ако не победиме денес, Американците ќе водат војни за неколку години“, му рече Зеленски на Пен во подоцнежното интервју, предупредувајќи дека поразот на Украина ќе има далекусежни последици. Речиси една година по инвазијата, силите на Путин се уште се во Украина и ги засилуваат нападите на исток како дел од, како што ја нарекува Москва „специјална воена операција“ во која загинаа илјадници и се раселени милиони. Камерата непријатно ги приближува гледачите до смртта и крвопролевањето што ги оставија руските војници кои се повлекуваат, а филмот е искрен за ограничувањата на една холивудска ѕвезда во услови на воена состојба. „Можам ли да бидам искрен? На филмот се слуша како зборува еден од телохранителите. „Ти си Шон Пен. Никој нема да биде одговорен за твојата смрт на бојното поле“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нилНајголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор. Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени. Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички. Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиењеИако анализите покажуваат подобрување, се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење. Како што објаснуваат од локалниот кризен штаб, на секои 12 часа се земаат 7 различни мостри од повеќе локации низ градот, кои се испитуваат во три лаборатории. Предизвик останува и високото ниво на хлор по хиперхлорирањето, кое постепено се намалува за да ги достигне дозволените вредности. За водата повторно да биде прогласена за исправна, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов потсетува дека потребни се три последователни анализи со уредни резултати, а конечната одлука вели треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. -Состојбата се подобрува, но водата се уште не е погодна за пиење и за готвење. Секојдневно се вршат анализи, се земаат примероци. Врз основа на тие анализи се носат одлуките, а крајната одлука дали водата е погодна за пиење, односно тргање на забраната треба да ја направи АХВ, која впрочем и ја изрече самата забрана,- Стојанче Ангелов – директор на ДЗС. Детали од последните резултати, засега не објавуваат од институциите вклучени во контролите, АХВ, Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод“. Министерот за здравство Сашко Клековски претходно најави дека целосната анализа за состојбата со водата во Гостивар се очекува да биде објавена околу 20 август. Во меѓувреме, продолжуваат и политичките обвинувања на темата. Од СДСМ велат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат одговорност и јавно објавување на резултатите од анализите. - Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат,- Кети Штејрова – СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека опозицијата се обидува политички да профитира од случајот. -Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми,- ВМРО-ДПМНЕ. Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство. Одреден е притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители, обвинителството ги сомничи дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Освен Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter