Докторка Тара објаснила што се случува со телото ако долго немате сексуални односи - Канал 5

Докторка Тара објаснила што се случува со телото ако долго немате сексуални односи

Експертите предупредуваат дека недостигот од однос со недели, месеци или години може да има штетни последици врз човечкото тело.

Докторка Тара објаснила што се случува со телото ако долго немате сексуални односи

Генерацијата З има помалку сексуални односи од која било друга генерација во историјата – а експертите предупредуваат дека тоа може да доведе до намалување на нивните гениталии.

Поради недостаток на односи можно е да се појават и психолошки последици

Д-р Тара Сувинјатичајпорн, експерт за односи и врски, изјавила за DailyMail дека мажите кои се сексуално неактивни можат да искусат многу ретка состојба наречена атрофија на пенисот – каде што ткивото на пенисот станува помалку еластично, предизвикувајќи негово намалување за еден до два сантиметра.

Таа исто така вели дека еден месец или повеќе без однос може да предизвика зголемено ниво на стрес кај мажите и жените поради сексуална фрустрација, анксиозност, депресија и проблеми со гневот. Ова може да предизвика и други психолошки ефекти и да ги направи луѓето посклони кон неверство.

И покрај позитивниот став кон сексот, истражување на Универзитетот во Калифорнија од 2021 година покажало дека 38% од младите на возраст од 18 до 30 години изјавиле дека немале сексуален партнер во текот на претходната година.

Експертите нагласуваат дека повеќето луѓе имаат потреба од нежност, допир и сексуални врски со други – а без тоа, менталното здравје може да се влоши, предизвикувајќи анксиозност, депресија и зголемено ниво на стрес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара.

Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем.

YouTube video

Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен.

Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје.

Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје.

Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер