Докторка од Кина обвинува: Коронавирусот е создаден во лабораторија - Канал 5

Докторка од Кина обвинува: Коронавирусот е создаден во лабораторија

Кинеската докторка  Ли-Менг Јанг, обвинува дека вирусот корона потекнува од воена лабораторија и дека Светската здравствена организација претходно криела дека станува збор за предизвикана инфеција.

Докторка од Кина обвинува: Коронавирусот е создаден во лабораторија

Кинеската докторка Ли-Менг Јанг, кој побегнала од татковината затоа што, како што тврди, добивала закани, упати обвиненија дека вирусот корона потекнува од воена лабораторија и дека Светската здравствена организација претходно криела дека станува збор за предизвикана инфеција.

Ли-Менг Јан, чие семејство и пријатели биле сослушувани и наводно биле загрозени од членовите на Комунистичката партија, станал свиркач откако избегал во САД

Таа откри дека вирусот бил намерно направен во една од лабораториите за време на експериментот со коронавируси на лилјаци, но официјална Кина веднаш ги негирала нејзините тврдења.

Таа раскажала и како започнало ширењето на заразата.

Докторката Менг Јан работела како виролог минатиот декември на Универзитетот во Хонг Конг во лабораторијата за јавно здравје, што е и центар на СЗО за проучување на заразни болести. Нејзиниот претпоставен, професорот Лео Пан, ја замолил да ја испита мистериозната појава на вирус многу сличен на САРС во кинескиот град Вухан, од каде започна пандемијата на коронарен вирус.

Професорот Пан инаку е еден од научниците ко и во 2003 година учествувле во откривањето на геномот на вирусот САРС .

Според светските медиуми, она што го открила д-р Јан, официјален Пекинг го игнорирал и прикривал. Таа, наводно, уште во јануари знаела дека во Вухан се појавила жаришта жариште, каде дошто до тоа вирусот да се пренесува од човек на човек меѓу семејствата.

Таа исто така знаел дека има повеќе заразени луѓе во тој град отколку што се вели во официјалните податоци.

„Тие не сакаа јавна дискусија, тие само им кажуваа на луѓето да не се грижат“, рече Јан за „Фокс Њуз“, велејќи дека е лага дека вирусот излегол од пазарот Вухан.

Како што вели, д-р Јан не била единствениот медицински работник што сакал да ја претстави вистината за вирусот корона пред јавноста.

Осум лекари се уапсени на 23 јануари поради предупредување за вирусот корона, што го споделиле на социјалните мрежи, под образложение дека „шират невистини“.

Потоа, еден од свиркачите, д-р Ли Венлианг, починал на 7 февруари.

Докторката Јан сфатила дека нешто мора да преземе да откако започнало глобалното ширење на вирусот корона, односно се појавиле жариштата во Ломбардија, Италија, како и на бродот крузер „Дијамант принцезата“,брод кој потоа се вкотви во пристаништето во јапонскиот град Јокохама.

Тогаш вирусот „избувна“ во Северна Кореја, Иран, Блискиот исток, и во други земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер