Докторите предупредуваат: Некои таблети смеат да се земаат само на празен желудник - Канал 5

Докторите предупредуваат: Некои таблети смеат да се земаат само на празен желудник

Иако многу лекови можат да се земаат пред, по или за време на оброците со мали или никакви несакани ефекти, за некои, времето на земање е клучно за нивната ефикасност. 

Докторите предупредуваат: Некои таблети смеат да се земаат само на празен желудник

Иако многу лекови можат да се земаат пред, по или за време на оброците со мали или никакви несакани ефекти, за некои, времето на земање е клучно за нивната ефикасност. Имено, полниот желудник може да ја попречи апсорпцијата и обработката на лековите во телото, а научниците сè повеќе истражуваат како нашиот внатрешен часовник влијае на нивното дејство. Хронотерапијата е интересна област на научно истражување која го проучува влијанието на нашиот биолошки часовник врз ефикасноста на лековите и дава одговори на прашањето како најдобро да се искористат таблетите што ги земаме, пишува Дејли Меил.

На пример, една студија покажала дека пациентите кои ранобудници може да го намалат ризикот од срцев удар за околу 26 % со земање на лековите за крвен притисок наутро. Интересно е што истите овие пациенти би го зголемиле ризикот од срцев удар ако лековите би ги земале навечер, во време спротивно на нивниот хронотип. Затоа, клиничките испитувања потврдуваат дека постои оптимално време од денот за одредени лекови.

Секогаш на празен стомак

Храната значително ја менува околината во дигестивниот тракт, таа влијае на pH вредноста и го одложува празнењето на желудникот, што може да ја намали биорасположивоста, или ефикасноста, на некои лекови. Поради оваа причина, многу лекови треба да се земаат на празен желудник - најмалку 30 до 60 минути пред оброкот или два до три часа по јадењето.

Како што објаснува фармацевтката Ајеша Башир: „Некои лекови треба да се земаат на празен желудник за да не бидат попречени во дејството. Храната може да ги забави, да се врзе за нив или да ја спречи нивната апсорпција, што значи дека може да не дејствуваат правилно.“

Еден таков пример се бисфосфонатите, лекови препишани за лекување на остеопороза. Тие го забавуваат разградувањето на коските, но делуваат само ако се земаат правилно. Според препораките, бисфосфонатите, алендронат или ризедронат, секогаш треба да се земаат на празен желудник со полна чаша вода.

Лекарите исто така советуваат, откако ќе се напиете лек, да останете исправени (седејќи или стоејќи) најмалку половина час по нивното земање за да не се попречува варењето. Причината е екстремно ниската биорасположивост на овие лекови, што значи дека и мали количини на калциум од исхраната можат речиси целосно да ја блокираат нивната апсорпција.

Доколку се појават пречки при варењето, најчесто препишуваниот лек, омепразол, треба да се зема на празен стомак, идеално 30 минути пред оброк. Д-р Џарвис додава: „Ако имате киселина, а не лошо варење, која обично е полоша доцна навечер кога одите на спиење, омепразолот можете да го земете половина час пред вечерата или на празен стомак, така што ќе имате максимални нивоа во вашиот систем кога одите на спиење и киселината ќе биде потисната.“

Лековите за тироидна жлезда, како што е левотироксинот, исто така, секогаш треба да се земаат на празен стомак, по можност во исто време секој ден. Студиите покажуваат дека телото го апсорбира лекот многу поефикасно пред јадење, додека земањето со храна може да ја намали неговата биорасположивост до 60 проценти.

Со оброк

Додека некои лекови бараат празен желудник, други можат сериозно да ја оштетат слузницата на желудникот ако се земат без храна, зголемувајќи го ризикот од чир, откажување на црниот дроб и оштетување на бубрезите. Ибупрофенот, кој милиони луѓе го користат секојдневно за сè, од главоболка до треска, е безбеден ако се зема правилно. Сепак, рутинската употреба на овој лек против болки на празен стомак може да предизвика трајни оштетувања.

Опасноста од ибупрофен и други нестероидни лекови кои делуваат противвоспалително, лежи во начинот на кој телото ги обработува, што може да ја иритира желудочната слузница. „Во некои случаи, ова може да доведе до перитонитис“, предупредува д-р Дин Егит, општ лекар. Перитонитисот е инфекција на желудочната слузница која, доколку не се лекува, може да биде опасна по живот. Земањето одредени лекови со храна може да помогне и во намалувањето на несаканите ефекти како што се гадење, вртоглавица и стомачни тегоби.

По вечера или пред спиење

Некои истражувања сугерираат дека одредени статини со кратко дејство, како што е ловастатин, кои се користат за намалување на високиот холестерол, најдобро е да се земаат навечер. Високиот холестерол предизвикува насобирање масни наслаги во артериите и, доколку не се лекува, го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Земањето на овие лекови во погрешно време може да ги направи речиси неефикасни.

Причината е што поголем дел од холестеролот во телото се произведува во црниот дроб ноќе. Затоа, земањето статини навечер го подобрува нивниот ефект. Сепак, статините со долго дејство, како што е аторвастатинот (Липитор), имаат полуживот до 19 часа, што значи дека пациентите можат да го изберат времето од денот кое најдобро им одговара.

Лековите за крвен притисок, како што се бета-блокаторите и АЦЕ инхибиторите, се најчесто препишувани лекови. Истражувачите на Универзитетот во Данди неодамна открија дека хронотипот на една личност, определен според времето кога се будат и си легнуваат, влијае на нивната ефикасност. Сепак, некои пациенти може да почувствуваат вртоглавица по првата доза бидејќи лековите како АЦЕ инхибиторите ги опуштаат крвните садови. Затоа обично се препорачува да се земе првата доза пред спиење. Слично на тоа, бета-блокаторите можат да предизвикаат вртоглавица бидејќи го забавуваат срцевиот ритам, па затоа лекарите често препорачуваат земање на првата доза пред спиење. Слично на тоа, бета-блокаторите можат да предизвикаат вртоглавица бидејќи го забавуваат срцевиот ритам, па затоа лекарите често препорачуваат започнување на терапијата навечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Повеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. 

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните.

„Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест.

„Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи.

По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот.

Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени.

Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер