ЖивотДоктор веќе пет години не користи сапун, шампон или крем за тело- имал причина Докторот Џејмс Хамблин верува дека претераното миење може да биде штетно.Во интервју за The Aspen Institute, тој открил дека цели пет години не користел сапун, шампон за туширање или крем за тело. „Едно е да се внимава на чистотата поради личните и естетски преференци, а друго поради хигиената, односно јавното здравје. Да, ги мијам забите затоа што на тој начин ќе спречам инфекции во усната шуплина. Ги мијам и рацете затоа што спречува инфекции на респираторниот тракт.Но, кожата знае како да се заштити“, објаснил тој. Во својата книга Clean: The New Science of Skin, Др. Хамблин истакнува дека кожата е првата линија на одбрана од болести. „Организмите и бактериите кои живеат на вашата кожа играат важна улога во вашето здравје. Ако се обидете да ги елиминирате, би можеле да станете поранливи.“ Лекарот тврди дека состојби како што се алергиски ринитис, астма и егзема може да бидат предизвикани од прекумерна употреба на антибактериски сапун. Сепак, други производи за нега, како што се шампони, гелови за туширање и дезодоранси, исто така би можеле да бидат виновници. „Нашите стапала мирисаат поради бактерии, како што е Bacillus subtilis, кој има силни антигабични својства. Продавачите нѐ убедија дека треба да купуваме сапуни и шампони, но мислам дека водата е доволна“, истакна тој. д-р. Џејмс Хамлин штеди на производи за нега на кожата и ја одржува чистотата и здравјето со плакнење со вода. Но, тој смета дека миењето раце со антибактериски сапун е клучно. „Тоа е многу важно“, предупредил тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook