Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
АвтомобилизамДојде крајот на 7-годишната тајнаОткриено е што му прават на Шумахер, и тоа од неговиот домЛегендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер претрпе тешка повреда на главата при скијање во Франција пред седум години. Оттогаш не е во јавноста и ретко протекува каква било информација од неговиот дом каде се лекува долги години. Во последно време, информации за медиумите даде неговиот добар пријател, еден од ретките кој сè уште има право да го види - Жан Тод. Тод е претседател на ФИА и поранешен соработник на Шумахер, кој исто така не открива премногу, но кога ќе каже нешто, најчесто ја протресува планетата. Така беше и овој пат. Тод откри дека Шумахер се лекува со методи кои би можеле да го вратат во нормален живот по седум години?! - Јас сум многу дискретен по ова прашање, но ... Михаел имаше сериозна несреќа, што остави длабоки последици. Оттогаш, тој беше третиран на таков начин што би можел еден ден да се врати во нормален живот, рече Тод. Синот на Михаел, Мик Шумахер, следната сезона ќе вози Формула 1 за Хас, а Жан Тод и тоа го прокоментира. - Тој беше шампион во Формула 2 и Формула 3, така што ова е логичен чекор. Тој е многу талентиран, а ова е нов предизвик. Од него не треба да се очекува чудо, бидејќи ако има болид на ниво на овогодинешниот, ќе има резултати слични на оние на Грожан и Магнусен. „Се надевам дека повеќе болиди ќе можат да се приближат до Мерцедес во следните години“, рече Тод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-сведочеше мајката на судијата Ристов Парите најдени заѕидани во ѕид во домот на родителите на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов не биле негови, туку заштеда на неговите родители која ја стекнале работејќи уште од уште од седумдесеттите години на минатиот век. Вака денеска пред судот сведочеше Донка Ристова, мајка на судијата Ристов, која пред судот рече дека секој спечален денар го ставала во дупката од ѕидот зад шпоретот, каде наводно таа и сопругот ги чувале парите. Ристова рече дека нејзиниот син не само што немал контакт за парите, туку воопшто не ни знаел за нив. -Тоа е во горната кујна, позади шпоретот. Плочката беше залепена само на 4 места за да падне, за да се отвора. Од 1975 година си ја направивме куќата и сeкоја паричка што ќе ми остане си ја ставав таму. Парите се од земјоделие - продававме бостан, пиперки кајсии, а потоа имавме и лојзе и имавме голема добивка од лозјето. Никој не знаеше за парите, ниту децата,- – Донка Ристова, мајка на обвинетиот судија Ѓоко Ристов. Во судницата потоа се појави и таткото на Ристов чие сведочење одеше во линија на неговата мајка – парите ги чувале дома затоа што не верувале во банки, а Ѓоко Ристов немал контакт со парите. За обвинителството пак ваквите сведочења не се целосно релевантни бидејќи доаѓаат од неговите родители, но и бидејќи вештачењето покажало дека директен контакт со парите имал и самиот Ѓоко Ристов, а не само родителите. – Така низ една итерпејовска ќе си дозволам естетика, зборуваа и сведочеа за настани и за факти, но тие исти не наоѓаат никаква поткрепа во останатите докази и материјали, сите други обезбедени. Но, повторувам тоа се родители, таму маргината на веродостојност и емоција е јасна, станува збор за родители и дете,- изјави тонско Искра Хаџивасилева, обвинителка. Покрај родителите на Ристов, пред судот денеска се појави и крим техничар кој бил присутен за време на еден од двата претреси во домот на Ристови, а кој сведочеше дека не е сигурен колку луѓе биле во домот за време на претресот и дали сите носеле заштитна опрема. За одбраната, токму ова сведочење укажува на тоа дека се случило конфузија со трагите од ДНК, земени за време на самиот претрес. – Вас денес ви кажа крим техничарот дека заштитна опрема не носеле, дека не се земени брисеви и траги како контролно обезбедување за контаминација на трагите. Ви кажаа дека на 29.12 Ѓоко Ристов бил присутен и помагал при тогашниот претрес и оставал траги, па нашите вештаци ќе ви објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги.... изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот судија Ѓоко Ристов. Следното рочиште со испитување на нови сведоци на одбраната ќе продолжи на 22 октомври. Сега веќе суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов седна на обвинителната клупа откако во јануари годинава во два претреси во домот на неговите родители беа пронајдени 350.000 евра, сокриени и соѕидани во ѕид. Против него има обвинение за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење на пари, а на почетокот од ова судење Ристов не призна вина и рече дека ќе докажува оти парите се на неговото семејство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Софија министерска конференција за развојот и стратешкото значење на Коридор 8 Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла.Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла, но секој од партнерските земји мора да го заврши својот сегмент од изградбата – порача шефот на македонската дипломатија – Тимчо Муцунски од Софија, каде домаќин на конференцијата посветена на Коридорот е неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова. -Затоа, нашата посветеност е јасна - договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел меѓу нашата нација и Бугарија, кој стапи на сила овој март, е многу важен чекор напред, како што се и неодамнешните состаноци на заедничката комисија во Софија и во Скопјe. Сега е време оваа политичка посветеност да се претвори во конкретни резултати на терен. Ние ја унапредуваме потребната инфраструктура и ќе продолжиме тесно да соработуваме со Албанија, Бугарија, ЕУ.- – Тимчо Муцунски министер за надворешни работи и надворешна трговија. Петрова Чамова потврди дека сега во Бугарија има политичка волја и импулс заедничкиот тунел со земјава да биде завршен во како што вели, рок од пет до шест години. -Од наша страна, ја презедовме одговорноста да работиме во најкраток можен рок. Апсолутно сме свесни за потребата од поврзувањето и сметаме дека во моментов ја има потребната политичка волја од наша страна ова да се случи што е можно поскоро,- -Велислава Петрова Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. Коридор 8 не е билатерален проект туку Европски а од голема важност е и за проширувањето на ЕУ, потенцираше еврокомесарката Марта Кос. -Токму ова сакаме да го направи Коридорот 8 - да го поврзе Јадранското Море со Црното Море и да им донесе придобивки на луѓето од Бугарија, С.Македонија, Албанија и пошироко. Затоа во Македонија и Албанија со заем од ЕУ го поддржува Коридорот 8 со 319 милиони евра во финасирање. -Марта Кос, еврокомесарка за проширување . Откако и се заблагодари за гостепримството на својата колешка Петрова Чамова, Муцунски најави дека следната меѓународна конференција за стратешкиот Коридор 8 ќе се случи во Скопје следната година. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаАларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 годиниСпоред најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години. Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон. Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување. Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата. Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката. Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59