Договорот со „Скопстер“ за централизирана стерилизација ќе биде ревидиран - Канал 5

Договорот со „Скопстер“ за централизирана стерилизација ќе биде ревидиран

Беким Сали најави промена на договорот со фирмата „Скопстер“ што треба да биде одговорна за централизирана стерилизација во клиниките, откако Канал 5 побара од Министерството за здравство договорот да биде јавно објавен. 

Договорот со „Скопстер“ за централизирана стерилизација ќе биде ревидиран

Министерот за здравство Сали вели дека измената на договореното е од технични причини, оти фирмата не успеала „да се смести“ во простории на Клинички за да биде поддршка на целокупниот здравствен систем таму. Поради сето ова, договорот кој инаку е јавно-приватно партнерство, се уште не бил објавен.

-Во делот на давањето на тендерот, односно, договорот за склучување со една компанија која ќе изведува централизирана стерилизација, имаме задоцнување во делот на нивната реализација, односно, нивна инсталација во деловите кои се предвидени за изведување на тој проект. Поради технички причини, тој договор треба да се ревидира, тој дел од договорот, бидејќи во Клинички центар потребно е да се одреди една локација која се уште не е одредена, за да можат да бидат поддршка за сите клиники кои имаат потреба од таа услуга.Беким Сали – Министер за здравство.

Додека „се крои“ план приватна фирма да стерилизира ординации и операциони сали, поголем дел од болните со рак бараат од Министерот да не се кратат програмите со кои се обезбедуваат пари за молекуларна терапија. Додека болните се жалат дека немаат терапија, која инаку не смеат да ја прекинат, Сали уверува дека здравјето на граѓаните е пред се, па за тие што треба да ја земаат, имало лекови.

-Не можеме ние да користиме биолошка терапија за било кој пациент од канцер. Знаејќи ја и финансиската можност на нашите институции, па и на државата, особено во овие околности, правиме иследување или групирање на пациентите по потреба и одредување на терапија. Не можеме да направиме разлика, на тие пациенти кои имаат потреба од таа терапија да не им се дава таа терапија, или пак на другите што им треба стандардната терапија да им даваме поскапа терапија без потребно...За здравјето не можеме да штедиме, немам коментар за тоа дали се штеди на грбот на болните,-Беким Сали – Министер за здравство

Од здружението „Борка“ за Канал 5 пак, велат дека терапии кои добро им делуваат на пациенти сега им се прекинати, па не се исклучува можноста дел од блиските на потешко болните да се одлучат правдата за здравјето да ја бараат и на суд. Инаку повеќе од деценија терапиите се набавуваа преку тендер и програми бидејќи со години, ваквите лекови и терапии никој не ги става на позитивната листа на Фондот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси.

Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година.

„Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето.

Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование.

За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

 Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот.

Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош.

– Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа.

„Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде:

„По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“

Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник.

– Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер