Договорот од Преспа ги „подели" Независни Грци

 Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа.

Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи сѐ, договорот да не дојде во грчкиот парламент“, јави дописничката на МИА од Атина.

Папахристопулос смета дека договорот задоцнил, а Зурарис иако е против, смета дека Независни Грци нема да биде потребно да ја турнат владата, бидејќи за ратификација ќе има доволен број пратеници од другите партии.

- Имам различна позиција, тоа директно го имам кажано. Верувам дека овој договор требаше да се случи пред повеќе години, лошо е што доцни. Ова е моето мислење, но тоа не значи дека јас сум во право, а другите грешат. Го почитувам спротивното мислење, но не го делам, рече портпаролот на пратеничката група на Независни Грци, Танасис Папахристопулос за грчкото радио „Реал фм“.

Во озкава за радиото „Фокус фм“, пак, објасни дека прашањето треба да се реши, бидејќи тоа е добро за земјата.

- Мојот став е дека само кога гледаме дека Турција сака да не се реши прашањето, кога, според моето мислење, очигледно е дека и Северна Грција ќе добие, бидејќи кинеските производи ќе се пренесуваат многу бргу, но и ПЈРМ и Србија ќе добијат, верувам дека тоа е избор што ќе донесе развој и мислам дека оние што внимателно ќе го прочитаат договорот на 21 страница, можеби ќе променат мислење. Можеби не сите, рече Папахристопулос.

Неговиот сопартиец, Костас Зурарис, иако е против договорот од Преспа, не го дели ставот на Каменос дека Независни Грци треба да се повлечат од владата, бидејќи смета дека и покрај тоа што тие ќе гласаат против, постои мнозинство во парламентот и без нивниот глас.

- Од моментот кога постои мнозинство за да се изгласа, нема причина Каменос да ја повлече довербата за владата, рекол Зурарус за радито „Х фм“, според грчките медиуми.

Независни Грци има седум пратеници во грчкиот парламент, а коментарите во грчките медиум се дека партијата коалиционен партнер во владата е поделена во два табора во однос на договорот од Преспа, бидејќи тројца од пратениците се против напуштање на владата.

Панос Каменос, во изминатите месеци, откако Македонија и Грција го потпишаа договорот, излезе со различни предлози. Еден период бараше ратификација со зголемено парламентарно мнозинство, односно гласање со минимум 180, наместо 151 пратеник, потоа велеше дека за Договорот од Преспа треба да решат граѓаните, на избори или на референдум, а во понеделникот порача дека Независни Грци ќе се повлечат од владата пред договорот да дојде за ратификација во парламентот.

Како што вчера објави МИА, портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос на редовниот брифинг со новинарите, уште еднаш повтори дека и покрај ставовите и позициите на коалициониот партнер во владата, Панос Каменос, договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот парламент и ќе биде изгласан. На прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали грчката влада за континуирано да изразува убеденост и да тврди дека ќе има мнозинство во парламентот, значи дека има избројано најмалку 151 пратеник колку што е потребно за да биде ратификуван договорот, Ѕанакопулос истакна дека тоа произлегува од изјавите што одредени пратеници ги дале во изминатиот период./МИА.

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

притисни ентер