Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
2Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
3Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
МакедонијаДоговорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР Од партиски извори Канал 5 дознава дека од преговорите меѓу СДСМ и ДУИ договорено е премиер по принципот 3+1.Тоа значи три години на чело на владата да биде Зоран Заев ,една година Насер Зибери. Исто така на ДУИ и е доделено управувањето со УЈП и Министерството за внатрешни работи..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степениВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 8 Попова Шапка, Ѓуриште, 9 Тетово, 10 Лазарополе, 11 Крушево, Зајчев Рид, 12 Крива Паланка, Скопје Петровец, 13 Струмица, 14 Претор, Гевгелија, Демир Капија, Велес, 15 Прилеп, Штип, 16 Охрид, Кавадарци, Виница, Берово, 18 Битола. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 10 Лазарополе, 8 Пожаране, 4 Попова Шапка, Крушево, 2 Тетово, Велес, 1 Прилеп, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот наместа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаШест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство.На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат. На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52). На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. „Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува. А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook