Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
2Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
3МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
КултураДоговор за соработка меѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и АНАДоговор за соработка на институционално ниво денеска потпишаа Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија (АНА). На потпишувањето присуствуваше и министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.Како што соопштија од Министерството за образование и наука, Лутфиу го поздравил потпишувањето на договорот и нагласил дека со него се поставуваат основите на институционална соработка меѓу двете истакнати албански институции како што се Академијата на науките на Албанија со седиште во Тирана и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците со седиште во Скопје Според него, науката постојано е во развој и напредок, со што се подразбира дека и заедничките цели на соработка и унапредување на албанските научници се многу бројни. - Јазикот, литературата, историјата, културното наследство претставуваат само неколку прашања каде што тие можат да ги исполнат научните интереси на овие две важни институции на Албанците во Балканот. Ние Албанците во Македонија, објективно со задоцнување во создавањето на соодветните образовни и научни институции ни треба конкретна поддршка од страна на Албанија и нејзините институции, истакнал Лутфиу. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан ГрубиСо изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами. Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјаваВршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент не му бил дозволен влез во земјава.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија. Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден . За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел. Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни. Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook