НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
1НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
БалканДодик: Западните вакцини против корона предизвикуваат неплодност, добри се само рускитеПретседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека вакцините против коронавирус развиени на Запад се проблематични и дека, меѓу другото, предизвикуваат стерилитет, затоа тој ќе биде вакциниран со вакцина од Русија."Верувам во тоа и не верувам во комерцијалните приказни што доаѓаат од Запад. Тука (во Русија) вакцината ја прави државата и ги вакцинира своите жители. Тоа значи дека треба да имате доверба. За разлика од овие кандидати кои први ќе ја направат вакцината.Постојат секакви шпекулации - дека вакцините од Запад ќе влијаат на стерилитетот на населението и на многу други работи што не можете да ги знаете“, изјави Додик за јавниот сервис РТРС. Тој најави дека Република Српска затоа ќе ја набавува вакцината за нејзиното население исклучиво од Русија, игнорирајќи го фактот дека таа сеуште нема согласност од Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ, без чие одобрение не можат да се увезуваат странски медицински препарати во земјата. Додик го рече ова коментирајќи го пристигнувањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во БиХ. Рускиот министер за надворешни работи пристигнува во Сараево утре вечерт, а има закажано средба со Додик и други претставници на РС. Еден ден подоцна, Лавров треба да се состане со сите тројца членови на претседателството на БиХ и одделно со министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ. Додик најави дека во оваа прилика ќе инсистира на разјаснување на обвинувањата за лошото руско влијание врз ситуацијата во БиХ, кои доаѓаат од Запад, но и од неговите колеги од врвот на државата. „Русија нема негативна улога во БиХ“, рече Додик, чија теза е дека реалните проблеми всушност доаѓаат од Западот. "Има генерален напад врз Србите, како што можете да видите. Доаѓа од Америка и од многу места во Европа. Србија е на тапет, српскиот народ е на тапет, Вучиќ, РС и сите што го претставуваме српскиот народ", тврди Додик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter