Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
2Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
3Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
БалканДодик се сретна со Путин: Русија е гарант на Дејтонскиот договор Српските власти во БиХ ќе ѝ предложат на Русија да го поддржи продолжувањето на европската воена мисија на Алтеа во Советот за безбедност на ОН, противејќи се на проширувањето и повторното ангажирање на германските трупи.Ова го изјави вчера вечер членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. „Нашиот предлог до Русите, кога станува збор за Советот за безбедност, ќе биде да гласаат за мисијата Алтеа во мандатот што го знаевме досега. Значи, без проширување. Гледаме дека Германија има некои аспирации“, рече Додик во изјавата за Радио телевизија на Република Српска од Санкт Петербург. На Западот има стравувања дека Русија би можела да гласа во Советот за безбедност на ОН на крајот на годината против продолжувањето на воената мисија на Алтеа во БиХ, која ја сочинуваат европските воени сили (ЕУФОР), за што веруваат дека ќе ја загрози стабилноста и мирот во земјата.. Оваа недела германската влада одобри испраќање до 50 членови на Бундесверот во БиХ, кои повторно би се ангажирале во земјата по 2012 година, а таквата одлука допрва треба да биде одобрена од Бундестагот. Додик отворено се спротивстави на таквата можност, објаснувајќи дека „нема доверба“ во военото претставување на Германија. „Не ни требаат оние кои би дошле со војска и би се занимавале со политичко моделирање на Босна и Херцеговина, а Германците тоа сериозно го прават “, додаде српскиот член на државниот врв на БиХ. Додик средбата со рускиот претседател Путин, која се одржа доцна синоќа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, ја опиша како „пријателска и со разбирање“. Српскиот лидер од БиХ објасни дека Русија силно го поддржува Дејтонскиот поредок во БиХ како држава со два ентитета и три конститутивни народи и дека високо ја цени позицијата на српската страна во БиХ, која се противи на воведување санкции кон Руската Федерација. . „Некои во БиХ кои сакаат да воведат санкции не земаат предвид дека Русија е гарант на Дејтонскиот мировен договор и дека во тој поглед е сосема бесмислено да се зборува за воведување некакви санкции за гарантот на вашето постоење“, рече Додик. Тој најави дека српските власти ќе продолжат да инсистираат на враќање на надлежностите од државата БиХ на ентитетот Република Српска, тврдејќи дека тие биле киднапирани со интервенција на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПлаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилемиИдејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати? Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор. - Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати. - Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите. - Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори -Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook