Додека новинарот известува за исчезнат човек, тој се појави во кадарот!

Вистински хепиенд - репортерот на News 8 од Лимингтон се подготвува да го почне своето јавување за исчезнатиот Боб Мек Дона кога токму тој се појави зад него и тргна кон новинарската екипа.

Во прв момент репортерот воопшто не знае кој е човекот кој му се приближува. Но, набргу го препознале, а неговиот идентитет го потврдиле членови од семејството и полицијата. Боб мек Дона, кој боледува од деменција бил исчезнат 14 часа.

- Некогаш вистинскиот тајминг значи многу - рече репортерот во своето јавување. Погледнете во видеото!

притисни ентер