АА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, да не се користи за политички поени
1АА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, да не се користи за политички поени
2Потрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)
ЕвропаДобринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB. Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди. Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена. „Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот. Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна. Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање. Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање. Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија. Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало. Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.Тагови: Берлин напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаАА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, да не се користи за политички поениСостојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот на локалните и централните институции, организациите, пријателите и сите вклучени страни.Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот на локалните и централните институции, организациите, пријателите и сите вклучени страни, на кои им изразуваме искрена благодарност за нивната висока подготвеност и покажаната поддршка. Кризните штабови, на централно и локално ниво, функционираат исклучително добро. Општина Гостивар целосно соработува со сите надлежни институции и ги стави на располагање сите свои капацитети за што побрзо надминување на состојбата. Интензивно се работи на враќање на состојбата во нормала. Очекуваме наскоро да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и безбедна вода за пиење. Воедно, искрено ги повикуваме сите оваа ситуација да не ја користат за собирање политички поени, на штета на граѓаните, особено оние кои не донесоа ниту едно шише вода во Гостивар, туку се задоволија само со критикување на постапките на институциите. Политички рејтинг не се гради врз туѓа несреќа. Во овој момент, приоритет треба да биде надминувањето на состојбата и поддршката на граѓаните. Сите околности и одговорности треба да се утврдат преку правична, објективна и транспарентна постапка. Алијанса за АлбанцитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
БалканПотрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)Спасувачкиот тим на планината Елбрус работи со проширени капацитети за да стигне до телата на граѓаните на Босна и Херцеговина кои загинаа поради влошување на временските услови, објавија тие.Според информациите објавени во 10 часот наутро, спасувачкиот тим е засилен и ги бара исчезнатите алпинисти во планинскиот масив Елбрус. Во операцијата учествуваат 16 спасувачи. Спасувачи од Одделот за вонредни ситуации Елбрус на руското Министерство за вонредни ситуации, водичи и придружници, спасувачи од центарот „Лидер“ на руското Министерство за вонредни ситуации и спасувачи на „КАВКАЗ.РФ“. Да потсетиме дека за време на искачувањето на Елбрус загинаа д-р Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Сите беа од Зеница, а Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ преживеаја. Драмата на највисокиот врв во Европа започна вчера, кога група од седум члена тргна на искачување. Иако временските услови првично беа поволни, ситуацијата набрзо се промени. Ветерот достигна брзина од 45 километри на час, а до утрото се зголеми на околу 70 километри на час, што го отежнуваше останувањето на планината. Еден од преживеаните успеа сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот беше пронајден од спасувачите. Двајцата беа однесени во болница, каде што им беше укажана медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации за регионот Кабардино-Балкарија, објави дека спасувачките служби водат натчовечка битка со суровите временски услови на планината. „Телата на алпинистите се наоѓаат на таканареченото „седло“ на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство. Заедно со ова соопштение, министерството објави и видео-снимка што сведочи за екстремните и недостапни услови на теренот. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Министерството за вонредни ситуации потврди дека двајцата спасени алпинисти веќе се евакуирани и предадени на медицински работници за понатамошна нега.Тагови: Елбрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)Фудбалерот Герман Бертераме од американскиот клуб Интер Мајами се повреди на натпреварот од МЛС против Монтреал.Бертераме скокна со двајца противнички играчи - Даниел Переира и Ефаин Моралес. Но, не се снајде добро во тој дуел. Откако се урна, остана да лежи на тревникот. Неговите соиграчи, како и противниците, сфатија дека нешто не е во ред со него. Го свртеа на страна и френетично ги повикаа лекарите да влезат на теренот. Единственото добро нешто што произлезе од таа ситуација беше што повремениот мексикански репрезентативец изнуди пенал, кој го реализираше Луис Суарез. Можете да ја видите ситуацијата ТУКА. Бертераме постигна седум гола на 17 натпревари оваа сезона. Тој дојде во Мајами во првиот месец од оваа година за 12,6 милиони евра од Монтереј, Мексико. Деталите за неговата повреда сè уште се непознати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter