Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
2Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
ТехнологијаДобри вести за креаторите на ексклузивни содржини на „Instagram“По пробниот период, „Instagram“ сега постепено ја нуди алатката за повеќе креатори на содржини.Можноста за претплата беше воведена уште во јануари оваа година, но тогаш беше достапна за само десет креатори. Годинава „Instagram“ работеше на развивање на својата програма за претплата за креаторите кои сега можат да споделуваат објави само за претплатници. „Reels“ содржините и фотографии ќе имаат виолетова значка со симбол на круната за да се истакнат. Адам Мозери, првиот човек на „Instagram“, истакна дека тоа е функцијата за која имал најмногу барања од креаторите во програмата, пренесува „Engadget“. Нова е и опцијата за чет за претплатници. Креаторите можат да имаат групни разговори со најмногу 30 претплатници, што би требало да ги натера да поминуваат уште повеќе време на „Instagram“ наместо на друга социјална мрежа. Групните разговори се овозможени од „Messenger“, а креаторите можат да ги започнат од нивното сандаче или опцијата „Story“. Претплатниците ќе имаат пристап и до почетната картичка на профилот на креаторот каде што ќе биде централизирана содржината од платениот систем, вклучувајќи фотографии, „Reelse“ и „Live arhive“. 📣 Subscriptions Update 📣 Subscriptions are a great way for creators to have a predictable income & for fans to get exclusive content from creators that they love. This update includes: - Subscriber Chats - Subscriber Reels - Subscriber Posts - Subscriber Home pic.twitter.com/5PzDTcwn8d — Adam Mosseri (@mosseri) July 14, 2022 Мозери вели дека десетици илјади креатори во САД сега имаат пристап до програмата за претплата, која им овозможува на фановите да им наплаќаат до 100 долари месечно за пристап до ексклузивна содржина. Во јануари, „Instagram“ почна да ги тестира претплатите на креаторите со „Paywall Stories“ и „Livestreams“. Претплатниците добиваат и виолетова значка која се појавува до нивните кориснички имиња во коментарите и приватните пораки. „Meta“, исто така, им нуди на креаторите други стимулации за градење публика и споделување содржина на „Facebook“ и „Instagram“. Така минатиот месец објавија дека нема да наплаќаат провизија за заработката што креаторите ја остваруваат преку апликациите до 2024 година. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБлејк Лајвли бесна поради тоа што не била поканета на свадбата на Тејлор СвифтНемало место за нејзината поранешна пријателка.Блејк Лајвли е очајна поради тоа што не се нашла на списокот на гости на свадбата на нејзината екс најдобра другарка Тејлор Свифт. Незадоволството и болката на Блејк Лајвли излегуваат на виделина откако таа не беше на списокот на гости за свадбата на нејзината некогаш многу блиска пријателка Тејлор Свифт. Двете познати дами некогаш беа толку блиски и неразделни , дури Блејк ја избра Тејлор за кума на нејзините три ќерки, кои ги има со сопругот Рајан Рејнолдс. Сепак, тоа навидум нераскинливо пријателство се распадна откако Тејлор беше непријатно вмешана во правен спор помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Извор за Дејли Меил изјави дека Лајвли е бесна и повредена. „Блејк е тажна и малку лута. Всушност, таа е многу лута. Тоа пријателство и онака веќе беше завршено, но ако постоеше каква било надеж за помирување, таа сега е изгубена. Тие никогаш повеќе нема да бидат пријателки“, изјави добро упатен извор. Истиот извор наведува дека ѕвездата на серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) силно сакала да присуствува на свадбата. „Се чувствуваш лошо кога те исклучуваат на таков начин. Таа тајно се надеваше дека, и покрај сè, нивното заедничко минато е доволно за да добие покана, но работите не се одвиваа така“, објасни изворот. Дури и Карли Клос, за која долго време се ширеа гласини дека е во затегнати односи со Тејлор, доби покана за свадбата заедно со својот сопруг. Сепак, тоа не успеа да го стори Блејк Лајвли, која ден пред самата свадба беше забележана на стотици милји далеку од Њујорк.Тагови: Блејк Лајвли Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЖивотВулкан на Антарктикот исфрла чисто злато!Вулкан на Антарктикот секој ден исфрла илјадници долари чисто злато во атмосферата. Геолозите теоретизираат дека златото патува во соединенија што содржат хлор или сулфур, кои се издигаат од лавните езера, кристализирајќи се во метална форма само кога жешките гасови ќе го погодат ледениот воздух на Антарктикот. Сместен на островот Рос, приближно илјада триста и педесет километри од Географскиот Јужен Пол, планината Еребус ја носи титулата најјужен активен вулкан на Земјата. Иако веќе е геолошки познат по тоа што има ретко трајно езеро од стопена лава, истражувачите направија многу позачудувачки откритие во неговите нестабилни гасови, кои се микроскопски кристали од елементарно злато. Според револуционерна студија од 1991 година, Еребус ослободува околу осумдесет грама, или околу две и пол унци, од овие ситни метални кристали секој ден. И покрај нивната микроскопска големина, која често мери само десетици микрометри, златни честички се откриени во снегот околу вулканот и во примероци од воздух на оддалеченост до илјада километри. Иако и други вулкани ширум светот, како оние на Хаваите или Алјаска, испуштаат траги од злато, планината Еребус е единствена по тоа што испушта чисто кристално злато наместо хемиски соединенија. Ископувањето на ова богатство е практично невозможно бидејќи златото е силно распрскано низ огромната и негостопримлива поларна ледена површина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСенегалците „заглавени“ во АмерикаФудбалерите на Сенегал сè уште не ги напуштиле САД, иако беа елиминирани од Светското првенство уште пред четири дена.Африканската репрезентација беше елиминирана од турнирот по трагичниот пораз од Белгија со резултат 2:3, иако водеше со 2:0 до 86-тата минута.. Проблемите за Мане и неговиот тим не завршија тука, туку започнаа. Имено, челниците на Фудбалската асоцијација на Сенегал, или кој и да е во организацијата задолжен за „резервирање“ авионски билети, сè уште не резервирале никаков лет за Сенегал, според странските медиуми. Всушност, сенегалската експедиција имаше закажан лет за дома не долго по натпреварот со Белгијците, но летот беше одложена потоа и откажан, а планот „Б“ очигледно не постоеше. Оттука, фудбалерите и членовите на стручниот штаб мораат непланирано да го продолжат престојот во САД. Според локалните медиуми, причината за проблемот лежи во несогласувањето меѓу Министерството за спорт и Фудбалската федерација на Сенегал околу организирањето на повратниот лет за членовите на националниот тим, при што двете страни ја префрлаат одговорноста за организацијата на патувањето една на друга. Додека се чекаше разрешница на ситуацијата, повеќето играчи и остатокот од делегацијата останаа заглавени во Сиетл, а само неколку фудбалери (Пап Аласан Геј, Едуар Менди, Мори Диао и Исмаил Џејкобс) успеаја самостојно да се вратат во татковината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook