Добра вест од Њујорк: Огромниот болнички брод го напушти градот (ВИДЕО)

Американскиот воен брод  USNS Comfort, која пристигна во Њујорк на 30 март во моментот на брзото ширење на пандемијата на коронавирус, го напушти градот без да биде исполнет .

Белиот брод долг 270 метри, обележан со црвени крстови, со капацитет од 1.000 кревети, свечено вплови во Њујорк на 30. март по наредба на претседателот Доналд Трамп, а беше наречен „знак на надеж “ од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

Толпи луѓе потоа се собраа и го поздравија неговото пристигнување, а вчера само мал број Њујорчани го испратија додека пловеше кон матичното пристаниште во Норфолк, Вирџинија, јави Франс Прес.

Пловечката болница и нејзината екипа од околу 1.200 морнари третирале мал број на пациенти: вкупно 182, од кои 70 проценти биле заразени со коронавирус, соопшти капетанот Патрик Амерсбах, командант на медицинскиот оддел, се вели во соопштението.

„Голем број пациенти страдаа од ненадејна и повеќекратна слабост на органите, што бара употреба на респиратори“, се вели во соопштението на американската морнарица.

Иако Њујорк претрпе последици од епидемијата полошо од кој било град во светот, со скоро 160 000 заразени и повеќе од 17 000 починати , достапниот капацитет не бил целосно искористен.

Бројот на пациенти хоспитализирани во Њујорк, вклучително и оние со други заболувања, се намалил од високо ниво од 20,000 во средината на април на околу 7.200 во моментот, покажуваат податоците на проектот „Ковид Дата“.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера објави 1.031.659 заразени со коронавирус, што претставува зголемување за 26.512 случаи од последниот извештај, при што бројот на смртни случаи се зголеми за 2552 на 60.057.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер