3Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите
3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
ТехнологијаДобивката и приходите на ТикТок двојно зголемени во 2020 годинаДобивката и приходите на кинескиот сопственик ТикТок се дуплираа во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во пандемијата на коронавирусот.Вкупните приходи на Bytedance скокнаа за 111 отсто минатата година, на 34,3 милијарди долари, јави Би-Би-Си цитирајќи интерно писмо од раководството до работниците. Бруто добивката исто така се удвои, на 19 милијарди долари. Компанијата ја заврши годината со нето загуба од 45 милијарди долари поради еднократно прилагодување на сметководството, за кое вели дека не е поврзано со нејзиниот бизнис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобренаВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири. Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион. Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи. Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти. +389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]Тагови: пожар Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степениСпоред извештајот на УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2) 13 Виница, 8 Штип 4 Берово, 2 Битола. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветВидео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавитеРекордните врнежи што во петокот го зафатија Јапонија предизвикаа сообраќаен хаос и оставија илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“ во Токио. Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги среде една од најпрометните празнични недели во земјата, пренесува Ројтерс. 🚨JUST IN: Record-breaking rainfall hit Chiba Prefecture on Thursday, August 13. The Japan Meteorological Agency issued its highest-level Level 5 emergency warning for heavy rain across 19 cities and towns—the first for the region. In Chiba City’s Chuo Ward, 115 mm of rain fell… pic.twitter.com/r3RVTCzWfV — Qeeb (@Qeeb_1) August 13, 2026 Јапонските власти потврдија четири смртни случаи, вклучително и лице заглавено во потопено возило. По едно лице сè уште се трага. Поради обемот на штетите, испратена е војска да помогне во спасувачките и санациските активности. Според податоците на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (Tokyo Electric Power), во петокот наутро повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија. Во градот Чиба, една од областите што претрпеа најголеми штети, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација, поставени во јавни објекти. Портпарол на аеродромот „Нарита“ изјави дека околу 7.000 луѓе останале заглавени во терминалот поради прекинот на сообраќајните врски. Тој додаде дека, сепак, се очекувало сите летови планирани за петок да полетаат навреме. Од „Џапан ерлајнс“ (Japan Airlines) посочија дека се можни доцнења, но дека засега нема планови за откажување на летовите. На снимките од јавниот радиодифузер NHK се гледаат стотици патници како спијат на подот од терминалот, покриени со ќебиња што им ги обезбедило аеродромското персоналот, заедно со храна и вода. Thousands stranded at the Narita airport - look at this line for a sleeping bag, water, and snack. Wild’n out in Japan. ⛈️🤪 pic.twitter.com/676sfwDSYA — Jason Savorn (@JasonSavorn) August 13, 2026 „Никогаш нема да го заборавиме ова патување“, изјави за NHK еден американски патник кој останал заглавен на аеродромот со своето семејство.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook