3„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
АвтомобилизамДоаѓаат два нови модели на „Tesla“: Маск цели на годишно производство од 5 милиони возилаГодишното собрание на акционери на „Tesla“ во 2023 година вклучи важно соопштение за идните производи, иако со ограничени детали.Накратко, Илон Маск најави две нови електрични возила за кои предвидува дека заедно би можеле да продадат повеќе од 5 милиони единици годишно. Извршниот директор на „Tesla“ не сподели детали за двете неименувани електрични возила, бидејќи би сакал да ги открие кога ќе дојде време, односно кога ќе се организира официјалната презентација. „Сакам само да нагласам дека всушност правиме нов производ, всушност дизајнираме сосема нов производ“, рече Маск, додавајќи дека „има два нови производи кои ќе предизвикаат многу возбуда“. Извршниот директор на „Tesla“ даде некои смели тврдења, велејќи дека „и дизајнот на производите и техниките на производство се далеку пред конкуренцијата во индустријата“, создавајќи високи очекувања за акционерите. Тој, исто така, предвиде дека само двете нови возила ќе донесат комбинирана продажба од „над 5 милиони единици годишно“, иако тој се огради дека тоа е само негова претпоставка и на шега додаде „да не го тужат“ ако тоа не се случи . Маск не појасни дали тие „производи“ би можеле да бидат претходно најавените редизајни за „Model 3 (Project Highland)“ и „Model Y (Project Juniper)“, кои се очекува да влезат во производство во есента 2023 и крајот на 2024 година. Тоа го поткрепува и фактот што при неговото претставување на екранот се појави затемнет „тизер“ на силуета на возило што е многу слична на моделот „Y“ на „Tesla“, што ја намалува веројатноста дека се работи за сосема нов, помал електричен автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлбанија воведува казни до 5.500 евра за демонстрантиВладата на Албанија на премиерот Еди Рама усвои пакет меркив за сузбивање на насилството за време на протести, кои вклучуваат парични казни во износ до 500.000 леки – што е приближно 5.500 евра. Максималната казна се однесува на поединци кои не постапуваат по полициска наредба за разотидување на собирот, а притоа го кријат својот идентитет. За други прекршоци се предвидени помали парични казни. Самото криење на идентитетот се казнува со парична казна во износ од 10.000 до 100.000 леки. Прописот предвидува исклучоци во случаите кога покривањето на лицето е оправдано од здравствени или верски причини, или пак поради вршење професионални должности – како што се новинарството или давањето медицинска помош. Полицијата ќе биде овластена привремено да забрани или ограничи собири во близина на образовни, здравствени и државни институции, доколку постои реален, сериозен и непосреден ризик од насилство или значителна материјална штета. Ваквото ограничување може да остане на сила најмногу 72 часа и може да биде продолжено еднаш. Во случаи кои вклучуваат повици за насилство на социјалните мрежи, полицијата може да побара отстранување на содржината. Доколку објавата не биде отстранета, или доколку таквото однесување се повтори, полицијата може да преземе мерки во согласност со важечките закони. Надомест на штета за сопствениците на бизниси и регистар на осомничени лица Владата, исто така, најави надомест на штета, финансиран од државата, за малите бизниси кои претрпеле штета – како што се вандализам, грабежи или пожари – за време на протестите. Пакетот вклучува и посебен електронски регистар на поединци кои се пријавени во јавното обвинителство или се под истрага за насилни кривични дела извршени за време на јавни собири. Мерките стапија на сила веднаш, а Парламентот мора да ги ратификува во рок од 45 дена. Во Тирана со месеци траат протести против владата. Движењето започна со мирни собири против проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. До средината на октомври, протестите се проширија и ги вклучија барањата на студентите кои се однесуваат на корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот на перспективи за младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter