МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
2МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
АвтомобилизамДоаѓа новиот Опел „Mokka“Германскиот произведувач подготви изненадување за време на претставувањето на новиот модел под назив „Mokka“.Новата „Mokka“ има електричен погон. Инжинерите на Опел моментално на патиштата вршат последни тестови, а од Опел ветуваат дека производството на моделот ќе започне од крајот на годината. Се претпоставува дека „Mokka“ ќе има иста платформа како „Corsa“, но и батерија од 50 kWh и дека со едно полнење може да помине околу 300 километри. Опел подготви и промотивно видео за новата „Mokka“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“.Со грижа за најмладите и поддршка за нивниот прв училиштен чекор, и оваа година за сите првачиња во Општина Крива Паланка е обезбеден бесплатен училиштен прибор, благодарение на успешната соработка со реномираната и општествено одговорна компанија „Таргет“. Донацијата, која традиционално се реализира петта година по ред, е наменета за најмладите ученици кои за неколку дена за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето ново животно поглавје. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“ за континуираната поддршка и општествената одговорност што ја покажува кон локалната заедница. „Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и секое семејство. Затоа ни е особено драго што петта година по ред ја продолжуваме оваа убава традиција и на нашите првачиња им обезбедуваме поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето. Благодарност до компанијата ‘Таргет’ што повторно ја препозна важноста на вложувањето во најмладите. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на Крива Паланка“, истакна градоначалникот Митовски. Обезбедениот училиштен прибор ќе биде наменет за сите првачиња од основните училишта на територијата на општината, како мал, но значаен придонес за поубав и порадосен почеток на нивното образование. Општина Крива Паланка продолжува со активности и партнерства насочени кон поддршка на децата и семејствата, создавајќи услови во кои најмладите ќе растат, учат и напредуваат со еднакви можности. На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу нови знаења, другарства и безброј насмевки во нивното прво училишно поглавје.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгодаВо незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter